Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клековски: Аптеките имаат обврска да обезбедат лекови на рецепт, граѓаните да пријавуваат – ние ќе реагираме!
Македонија

Клековски: Аптеките имаат обврска да обезбедат лекови на рецепт, граѓаните да пријавуваат – ние ќе реагираме!

07/04/2026

AA

Директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ предупреди на појавата на злоупотреби во здравствениот систем, особено во делот на двојни наплати и неправилности при издавање боледувања.

Клековски истакна дека аптеките имаат законска обврска да обезбедат лекови на рецепт за сите осигуреници, без да бараат тие да бидат целосно платени приватно. Тој нагласи дека граѓаните може да плаќаат само партиципација, но не и целосна цена за лек што е покриен од фондот.

„Ако граѓаните се соочат со вакви ситуации, треба да пријават во фондот – ние реагираме и вршиме контроли“, рече Клековски, додавајќи дека веќе не постојат квоти за лекови и аптеките се должни да располагаат со потребните количини.

Тој посочи дека проблеми со снабдување може да се појават поради прекини во производството, наведувајќи пример со лекови за епилепсија и силни главоболки, каде имало застој поради прекин на производство во Хрватска.

Во делот на злоупотребите, Клековски нагласи дека најголем број претставки се однесуваат на двојна наплата на услуги – односно случаи кога услуга веќе е покриена од фондот, но сепак се наплатува од граѓаните. Особено, како што посочи, вакви појави се забележани кај матични гинеколози.

За справување со овој проблем, фондот спроведува заеднички контроли со Управа за јавни приходи, при што се утврдени значителни неправилности.

„Двојна наплата за услуга што треба да биде бесплатна не е законска и мора да престане“, дециден беше Клековски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Од четврток ќе застуди, в

07/04/2026
Македонија

Велев за 4ТВ: Нема доволно терапија за дијабетичарите, сензори нема

07/04/2026
Македонија

Марјановиќ: Пациентите мислат дека треба постојано да прават скенови, враќањето

07/04/2026
Македонија

Марјановиќ: Скринингот за рак во Македонија е хаотичен и недоволен

07/04/2026
Македонија

ПРОТЕСТОТ Е ЛЕГИТИМЕН, НО ТРЕБА ИНСТИТУЦИОНАЛНО РЕШЕНИЕ Вреди најави разврска

07/04/2026
Македонија

Велев: Радовиш, Кочани и Ресен најпогодени од недостигот на специјализиран

07/04/2026
Македонија

Кузмановска: Најмногу пациенти чекаат трансплатација на бубрег, но се чека

07/04/2026
Македонија

Кузмановска: Напредок во трансплантациите, но недостигот од согласност од семејствата

07/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42226
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Од четврток ќе застуди, в петок ќе врне

07/04/2026

Времето во среда, 8 април, ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб

Велев за 4ТВ: Нема доволно терапија за дијабетичарите, сензори нема повеќе од еден месец

07/04/2026

Димче Велев од Сојуз на здруженија на лица со дијабетес вечерва во емисијата Ноќно студио на 4ТВ истакна дека во

Марјановиќ: Пациентите мислат дека треба постојано да прават скенови, враќањето на довербата во Онкологија е

07/04/2026

Ана Марјановиќ од Хемаонко, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за последиците од скандалот во онкологијата и тешкото враќање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy