Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клаксвик го победи и Молде, Галатасарај сигурен во Љубљана!
Спорт

Клаксвик го победи и Молде, Галатасарај сигурен во Љубљана!

08/08/2023

AA

Сензацијата од Фарските острови, тимот на Клаксвик ја продолжи својата фудбалска бајка, вечерва го доби првиот меч против Молде во квалификациите за Лигата на шампионите, Галатасарај со победа се враќа од гостувањето кај Олимпија во Љубљана.

Клаксвик уште еднаш му се обрати на светот за внимание, овојпат го совладаа норвешкиот Молде со 2-1 и обезбедија предност пред реваншот.

Во првиот дел мрежите мируваа, а резултатот го отвори Молде со гол на Еикрем во 49. минута, се чинеше дека Норвежаните ќе дојдат до победа, но момците од Фарските острови не се предадоа.

Фредериксберг во 64. минута прво изедначи на 1-1, а истиот фудбалер во 86. минута даде уште еден гол за комплетен пресврт и победа од 2-1 на Клаксвик.

Галатасарај си ја заврши работата уште во Љубљана откако оствари победа со 3-0 над Олимпија. Првиот гол го постигна Актуркоглу во првото полувреме, а во вториот дел погодија и Мертенс и Дервишоглу.

Српскиот тим, Бачка Топола доживеа висок пораз од 3-0 на гостувањето кај Брага која е сериозен фаворит во овој двомеч.

Убедлив беше и ПСВ кој со 4-1 го победи Штурм, Раков со 2-1 славеше над Арис Лимасол, а немаше голови на дуелот меѓу Копенхаген и Спарта Прага.

Мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб е одложен поради убиството на навивачот на грчкиот тим.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42395
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026

Цените во угостителскиот сектор продолжуваат постепено да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, што укажува на континуиран

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy