Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од Ресен национални победници на Европски квиз на пари 2023
Македонија

Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од Ресен национални победници на Европски квиз на пари 2023

24/03/2023

AA

Денеска на последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023. Победничкиот тим кој ќе ја претставува нашата земја на европското финале на 16 мај во Брисел се Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ООУ “Мите Богоевски” од Ресен под менторство на Соња Стрезовска.

Како што информираат од Македонската банкарска асоцијација, во првиот круг беа избрани најдобрите три тима во земјата од вкупно пријавените 391 тим од 76 основни и средни училишта, менторирани од 101 наставник/професор. На македонски јазик се натпреваруваа 379 тимови, а 16 се натпреваруваа на албански јазик.

Второто место го освоија Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ “Јане Сандански” од Битола под менторство на Билјана Кочовска , додека третопласирани беа Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ОУ “Гоце Делчев” од населба Илинден, под менторство на Данче Нацевска.

Од МБА истакнуваат дека земјава по петти пат учествува на овој проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска писменост на ученици од 13 до 15 години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42381
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026

Во сите православни храмови денес владее празнична атмосфера, додека верниците го прославуваат Велигден – најголемиот и најрадосниот христијански празник, кој

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy