Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?
Економија

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

29/03/2024

AA

Согласно најавите
и изгласаниот нов рок за доизградба на автопатот Кичево – Охрид, во Собранието пристигна
предлог закон за измена на договорот. Со измените,
кинескиот изведувач добва дополнително уште скоро две години за завршување на
автопатот, поточно до крајот на 2026 година.

Имено, во
Собранието се доставени измените на Законот
за реализација на инфраструктурни
проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево
– Охрид  согласно со Договорот за
економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата меѓу Владата на
Република Македонија и Владата на Народна Република Кина.

– Цел на Предлогот
на закон
за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за
изградба на патна делница Кичево-Охрид е склучување на Анекс бр. 6 кон
Договорот за изградба на автопат, делница Kичево – Охрид, каде се утврдува дека
поради настанати измени во градежните работи рокот за завршување се менува од 3.531
дена во 4.627 дена од денот на воведување во работа на Изведувачот
, со што
Изведувачот има право на продолжување на рокот за завршување на градежните
работи за дополнителни 1.096 дена, па оттука крајниот рок е ревидиран на
31.12.2026 година
– се наведува во законското решение доставено пред
пратениците.

Притоа,
предлагачите, поточно Владата посочува дека предлогот на законот се заснова на
истите начела на кои е заснован Законот за реализација на инфраструктурни
проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница
Кичево-Охрид

Воедно е укажано
дека законот не повлекува обврска за обезбедување дополнителни средства за
неговото спроведување. Исто така се предлага да се донесе по скратена постапка,
бидејќи не станува збор за обемен и сложен закон.

Инаку Владата
пред три дена донесе одлука да се продолжи рокот, а само по два дена предлог
измените беа во Собранието.

– 
Владата ја разгледа Информација за потребата од донесување Закон за
дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на
патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за
изградба. Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува
како краен рок до кога Изведувачот треба да ги заврши работите на оваа
автопатска делница.

Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се
појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен
почеток на изградба на оваа делница
– беше објавено во соопштението испратено
од Владата по седницата во вторникот.

Од
Министерството за транспорт пак потенцираа дека со новиот анекс на Договорот со кинески
„Синохидро“ за изградба на автопатот Кичево-Охрид само се продолжува временскиот
рок за изградба, а финансиските средства за изградба остануваат непроменети,
односно 598 милиони евра
.

Согласно
новиот анекс, изведувачот се обврзува да ги изгради и да ги пушти во сообраќај
до 31 ноември 2026 година подделниците 1 и 2, до 31 август 2025 година делница
2.2 и делница 3, а до 30 септември 2026 година делниците 4 и 5.

– 
Продолжувањето на рокот е неопходно поради појавата на новите 13 свлечишта
што се појавија на трасата, а како резултат на несоодветното проектирање и
прераното започнување на изградба без да се земат предвид реалните состојби на
теренот кои требало да се третираат во првичната проектна документација –
објаснуваат од Министерството за транспорт. 

Анексот
на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, што почна да се гради во февруари 2014
година, ќе биде шести по ред. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57
километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколкуте анекси
на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони
евра
.  На крајот на минатата година ресорното Министерство ангажираше
експерт за Фидик-договори задолжен да направи анализа на Договорот за изградба
на автопатската делница. Ангажираното вешто лице доставило извештај до Владата
во која се посочуваат три опции – да се продолжи договорот со изведувачот
„Синохидро“, продолжување на договорот со пенали и како трета опција целосно
раскинување на договорот.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy