
Ким во среда ќе направи лекарски прегледи, па Баерн ќе ја активира клаузулата од Наполи
Ким кој во меѓувреме отслужи воен рок во татковината по скратена постапка за да ги исполни државните обврски, за среда има закажани лекарски прегледи со Баварците, а потоа веднаш германскиот првак ќе ја активира откупната клаузула која ја има со Наполи за да го реализира трансферот.
Баерн не ни влезе во преговори со Наполи за купување на Ким, туку едноставно само ги информираа наполитанците дека ќе ја активираат клаузулата за откуп, која е околу 60 милиони евра за да го ангажираат.
Ким беше голема желба и на Манчестер јунајтед, но Баерн беше побрз и поубедлив за да го добие како засилување за новата сезона.
