
Кавадарчанец си пазарел онлајн со туѓа картичка: Оштетил 60-годишен маж за 232.788 денари
СВР Велес поднесе кривична пријава против К.И.(26) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи”.
Пријавениот набавил податоци од платежната картичка, сопственост на 60-годишно лице, по што во повеќе наврати извршил поголем број на трансакции на онлајн плаќања, при што се стекнал со противправна имотна корист од 232.788 денари.
