
Картичките денеска неупотребливи, пари само на шалтер во банките
Македонската банкарска асоцијација известува дека услугите на деловните банки поврзани со картичките VISA и MasterCard се недостапни на банкомат, но и за плаќање во трговскиот промет.
Од таму велат дека станува збор за интернационален проблем и дека се работи на брзо нормализирање на сервисите.
„Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.
Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.
По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација“, објави здружението на комерцијалните банки од Македонија.

