Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Карлик Џонс пресече – петта по ред за Партизан
Спорт

Карлик Џонс пресече – петта по ред за Партизан

12/12/2024

AA

Екипата на Партизан дојде до петтата победа победа по ред и седма сезонава во Евролигата откако вечерва, потешко од очекувањата, славеше на гостувањето кај Алба со 91-90.

Драматичниот дуел беше решен во последните секунди во кои имаше од се по малку, а Алба испушти шанса да ја оствари третата победа сезона во елитното европско натпреварување. Домаќините нешто подобро го започнаа натпреварот и во најголем дел имаа водство, кое најмногу одеше до +5. Сепак, Партизан во вториот дел од четвртината го крена нивото на игра, па во втората четвртина се влезе со нерешен резултат 28-28. Тој добар период на Партизан како да беше најава за она што ќе следи во продолжение од средбата. Со таква игра „црно-белите“ на пауза заминаа со пет поени предност (46-51).

Слична слика на теренот и во третиот период, Партизан не му дозволуваше на гостинскиот состав да дојде до израмнување и го одржуваше водството. Пред крајот на третиот Партизан дојде и до највисоките во натпреварот „плус 10“ со кои и се влезе во одлучувачката последната чтвртина (64-74). Но, избраниците на Жељко Обрадовиќ не успеаа да го задржат тоа темпо на игра и во последниот период од средбата, па дозволија противникот целосно да се врати во игра.

Како што одминуваа минутите Алба се враќаше и во самиот финиш првпат по подолго време поведе (85-84). Од тој момент гледавме драматична завршница во која Алба дојде и до четири поени, но Партизан не се откажа и во последните 30 секунди го врати водството (88-89).

Победата за Партизан ја обезбеди Карлик Џонс со поените при резултат 89-89, но и тоа не помина без драма. За Алба останаа нешто помалку од две секунди, домашните играчи се обидоа да поентираат со „цепелин“, но Маринковиќ го фаулираше Мекормак. Американецот погоди само еднаш и тоа несакајќи, па Партизан успеа некако да дојде до победата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
Македонија

ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ВОЗАЧОТ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: 39-годишник возел во

05/08/2026
Македонија

Осомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџет

05/08/2026
Македонија

Државата издаде државни обврзници во износ од 41 милион евра;

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44869
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една искра за катастрофа – во

05/08/2026

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, преку видео-обраќање упати сериозен апел до сите мајстори и граѓани

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал и ја тепал сопругата

05/08/2026

На 04.08.2026 во 15:10 часот во Македонска Каменица, полициски службеници го лишија од слобода Д.М.(62) од делчевско село, постапувајќи по

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од прометот

05/08/2026

На 04.08.2028 во Полициското одделение Сарај, И.Х.(41) – директор на ЈКП Сарај, пријави дека во периодот од 16:30 часот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy