
КАМ маркет за жицата во геврек: Веќе се превземени соодветни мерки од наша страна
Откако вчера објавивме дека наш читател во геврек од КАМ пронашол жица, денеска пристигна и одговор на нашите прашања испратени до КАМ. До редакцијата на 4NEWS.mk пристигна следниот одговор:
КАМ маркет прави редовни контроли на производите од нашиот асортиман и нам како општествено-одговорна компанија со долгогодишна традиција, задоволството на купувачите ни е примарна цел. Веќе се превземени соодветни мерки од наша страна.
Наскоро ќе споделиме и официјални информации за настанатиот момент.

