Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како до повеќе инвестиции во зелена енергија – Министерката Божиновска за амбициозните планови на Македонија на ЕСГ Адриа самитот во Тиват
Економија

Како до повеќе инвестиции во зелена енергија – Министерката Божиновска за амбициозните планови на Македонија на ЕСГ Адриа самитот во Тиват

09/04/2025

AA

На престижниот ESG Adria Summit 2025 во Тиват, министерката за енергетика,
рударство и минерални суровини Сања Божиновска активно учествуваше во дискусија
за одржливиот развој и зелената транзиција. Настанот, кој се одржува под
покровителство на претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и премиерот
Милојко Спајиќ, обедини над 700 водечки експерти, претприемачи и политичари од
регионот, се утврди како водечка регионална платформа за дијалог за одржливиот
развој. Оваа година, настанот посебно се фокусираше на практичните решенија за
забрзување на зелената транзиција, со акцент на иновативните финансиски модели
и јавно-приватното партнерство.

Во својот настап на панелот „Мобилизирање на капитал за зелени проекти“,
министерката Божиновска детално ги презентираше напорите на Македонија во
процесот на зелена транзиција.

– Од првиот ден на нашата влада, фокусот е на развој на енергетската
инфраструктура што ќе обезбеди долгорочна стабилност, одржливост и економски
напредок. Нашата стратегија се заснова на паралелен развој на државната
енергетска инфраструктура и поттикнување на приватните инвестиции во обновливи
извори на енергија. Со поддршка на ЕБРД, активно работиме на воведување на
иновативни финансиски механизми како Contract-for-Difference, кои ќе ги намалат
ризиците за инвеститорите. Зелената транзиција мора да биде праведна. Затоа,
стратешки остануваме посветени на модернизацијата на РЕК Битола, но истовремено
градиме соларни и ветерни централи за да постигнеме 38% удел на обновливите
извори до 2030 година. Регионалната соработка е клучна. Изградбата на нови
интерконекции со Албанија, Грција и другите соседи ќе го зацврсти регионот и ќе
ги отвори вратите за поголеми инвестиции – истакна Божиновска.

Министерката посебно ги нагласи клучните проекти како модернизацијата на
РЕК Битола, изградбата на нови соларни и ветерни централи, како и развојот на
когенеративни централи како преодно решение.

Нагласувајќи ја важноста на регионалната соработка, министерката истакна
дека Македонија активно работи на изградба на нови интерконекции со соседните
земји. „Ова ќе овозможи поголема стабилност на енергетскиот систем и ќе отвори
нови можности за трговија со чиста енергија“, објасни таа.

Покрај министерката Божиновска, на панелот учествуваа и високи
претставници на ЕБРД, Меѓународната финансиска корпорација и водечки компании
во областа на обновливата енергија. Дискусиите ја истакнаа потребата од појасни
регулативи, поголема транспарентност и посилна регионална координација за
успешна имплементација на зелените проекти.

Овој настан потврди дека Западниот Балкан претставува клучен играч во
европската зелена транзиција, но дека за постигнување на амбициозните климатски
цели се потребни континуирани инвестиции и политичка посветеност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy