Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАДЕ ИСПАРИ ДОБИВКАТА НА ГИГАНТОТ „МАКСТИЛ“? Еве зошто се намалила
Економија

КАДЕ ИСПАРИ ДОБИВКАТА НА ГИГАНТОТ „МАКСТИЛ“? Еве зошто се намалила

08/11/2023

AA

Добивката на „Макстил“ на крај на септември е 914.000 евра и во споредба со крајот на јуни е намалена за повеќе од 2 милиони евра. Падот е резултат на комбинација на три фактори: намалени приходи од продажба поради пониски цени на производите, исплатените пари за солидарен данок и зголемени финансиски расходи кои се резултат на кредитирањето без кое „Макстил“ не може да функционира. Но и покрај тоа што е соочен со пад на глобалните цени на производите, дополнителните давачки од данокот за солидарност и зголемените финансиски расходи менаџментот и акционерите на „Макстил“ се за пофалба затоа што во вакви тешки времиња водат сметка за своите вработени и трошоците за нив ги зголемиле за 17% од лани

Најголемата македонска челична индустрија имаше квартал со големи предизвици. Гледано од аспект на македонскиот национален економски интерес најважно е тоа што оваа компанија и понатаму е голем извозник.

Од почетокот на годинава па до крај на септември годинава „Макстил“ успеал да продаде свои производи во вредност од 102,5 милиони евра. Во споредба со истиот период лани продажбата е намалена за 23 отсто и тоа се должи на трендот на пад на цените на продуктите, според објаснувањето од компанијата.

Извозот е главна ставка и во вкупната продажба учествува доминантно односно со 92 милиони евра. Во споредба со истиот период лани извозот е намален за 24 отсто. Продажбата на домашен пазар за првите девет месеци е 10,5 милиони евра што е за 16 отсто послабо од истиот период лани.

Оперативните трошоци за првите девет месеци се 94,5 милиони евра. Бележат намалување од 27 отсто во однос на истиот период лани и го следат трендот на намалена продажба. Тоа значи дека производството на „Макстил“ е помало од лани и е прилагодено на побарувачката.

Најголеми ставки во оперативните трошоци се, очекувано, прво трошоците за набавка на суровини и други материјали. За нив компанијата издвоила 65,1 милиони евра што е за 38 отсто помалку од претходната година. Сепак и во вакви услови „Макстил“ не штедел на своите вработени. Трошоците за нив се зголемени за 17 отсто во однос на лани и на вработените се исплатени 12,6 милиони евра.

Оперативната добивка на компанијата на крај на септември е намалена за 82 отсто од претходната година. Изнесува 2,55 милиони евра. Главна причина за намалената добивка е исплатата на солидарниот данок за ланското работење.Во ставката Останати трошоци од работењето е книжен данокот на солидарност што таа ставка ја прави повисока за речиси 4 пати од лани. Причина е исплатата на 4,2 милиони евра за солидарен данок кој власта го наметна на компаниите како еднократна давачка.  

Дополнително на тоа добивката се намалила и заради зголемените финансиски расходи на „Макстил“ кои на крај на септември изнесуваат 2,1 милиони евра и во споредба со лани се зголемени за 23 отсто.

Единствена надеж дека не е се изгубено за акционерите на „Макстил“ е тоа што бизнис заедницата објави дека го обжалила овој закон пред Уставен суд и доколку биде поништен парите што ги платиле ќе им бидат вратени назад.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВРАБОТУВАЛА И УНАПРЕДУВАЛА СПРОТИВНО НА ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ Кривична пријава

20/02/2026
Македонија

СДСМ со извинување до Орце Ѓорѓиевски: И ние и граѓаните

20/02/2026
Македонија

Откако жител на Мала Речица се заканувал со масовно убиство:

20/02/2026
Македонија

Јаневска: Само „академски“ аргументи ќе го кројат новиот закон –

20/02/2026
Македонија

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ПО УГЛЕДОТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ!? Жител од Мала

20/02/2026
Македонија

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничката болница Битола –

20/02/2026
Македонија

ФОТО 20 годишник од Мала Речица се заканувал со масовно

20/02/2026
Македонија

Прва екстрадиција од ОАЕ: Флорим Лимани донесен во Македонија за

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41720
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВРАБОТУВАЛА И УНАПРЕДУВАЛА СПРОТИВНО НА ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ Кривична пријава за екс-директорка на битолската болница

20/02/2026

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за

СДСМ со извинување до Орце Ѓорѓиевски: И ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари

20/02/2026

Од СДСМ попладнево испратија извинување до градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски откако претходно објавија дека неговата сопруга носи чанта

Откако жител на Мала Речица се заканувал со масовно убиство: Претрес кај потесното семејство, пронајдено

20/02/2026

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам  до ОЈО ГОКК достави кривична пријава против дваесет

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy