
JK Travel по втор пат прогласена за најдобра е-продавница за туристички услуги
JK
Travel повторно триумфира. На годинешните E-commerce Awards, кои се одржаа
синоќа, агенцијата ја освои наградата за Најдобра е-продавница за туристички
услуги, потврдувајќи го својот статус како лидер во онлајн патувањата и
резервациите.
„Оваа награда е признание за нашата
посветеност да обезбедиме лесно, брзо и безбедно онлајн патување за сите наши
клиенти. Горди сме што по втор пат ја добиваме оваа престижна титула, што е
доказ дека иновациите и квалитетната услуга се нашиот заштитен знак,“ изјавија
од JK Travel.
Зошто JK Travel е избор број 1?
Лесна и безбедна онлајн резервација – само
неколку клика ве делат од вашето совршено патување.
Најдобри понуди за патувања – од егзотични
дестинации до брзи city-break авантури.
Грижа за клиентите – вашето патување е наша
приоритетна мисија.
„Благодарност до сите клиенти, патници и
пријатели што ни ја давате довербата и мотивацијата да бидеме сè подобри.
Пакувајте го куферот – нови авантури ве
очекуваат!”- порачуваат од ЈК ТРАВЕЛ.