Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗВЕШТАЈ ЗА 2022: Сител најгледана, Телма прикажала голема загуба, а ТВ21 за прв пат добивка
Македонија

ИЗВЕШТАЈ ЗА 2022: Сител најгледана, Телма прикажала голема загуба, а ТВ21 за прв пат добивка

23/06/2023

AA

Во 2022 година највисоки вкупни приходи остварила Сител – 413,69 милиони денари, што претставува речиси 40% од заедничките приходи на петте телевизии. Најниски, пак, биле приходите на Телма, во износ од 118,25 милиони денари.

Заедничкиот финансиски резултат од работењето на петте телевизии во 2022 година е загуба во висина од 15,15 милиони денари, што се должи на високата загуба на Телма (24,11 милиони денари). Останатите четири телевизии оствариле позитивен финансиски резултат.

  ТВ Алфа ТВ Алсат-М ТВ Канал 5 ТВ Сител ТВ Телма
2018 9.51 5.36 0.28 18.68 -21.48
2019 39.33 8.44 1.5 28.45 -21.91
2020 -8.85 0.53 -12.11 -21.89 -17.47
2021 11.17 17.09 0.16 16.35 7.4
2022 0.41 3.51 0.18 4.86 -24.11

Според податоците од истражувањата за гледаноста и слушаноста на радиодифузерите кои ги нарачува Агенцијата, најгледана телевизија и оваа година била Сител, чијшто просечен дневен досег изнесувал 35,60%, а просечен неделен досег 55,43%.

ТЕЛЕВИЗИИ НА ДРЖАВНО НИВО ПРЕКУ НЕОГРАНИЧЕН РЕСУРС

ТВ21 остварила највисоки приходи во анализираната година – 49 милиони денари, односно речиси половина од вкупно остварените приходи во овој сегмент од индустријата. 24 Вести остварила вкупни приходи во износ од 38,36 милиони денари, додека приходите на останатите телевизии се значително пониски – Наша ТВ остварила 7,62 милиони денари, Шења 7,59 милиони денари, Клан 4,56 милиони денари и Сонце 0,15 милиони денари.

   

2018

 

2019

 

2020

 

2021

 

2022

Индекс 22/21
24 Вести 88.98 66.87 66.35 54.01 38.36 -28.98%
Клан 14.49 10.26 12.54 20.25 4.56 -77.48%
Компани 21-М 31.51 32.20 40.01 63.16 49.00 -22.42%
Наша ТВ 2.42 6.44 9.35 5.05 7.62 50.89%
Сонце 0.99 0.39 1.88 0.22 0.15 -31.82%
Шења 15.21 13.63 10.78 14.44 7.59 -47.44%
вкупно 153.60 129.79 140.91 157.13 107.28 -31.73%

 

Оваа Анализа се однесува на економските перформанси на субјектите на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2022 година. Изработена е врз основа на податоците коишто радиодифузерите ги доставија во Агенцијата, а кои се однесуваат на вкупните приходи што тие ги оствариле во 2022 година и структурата на приходите, вкупните трошоци и структурата на трошоците, финансискиот резултат од работењето и бројот на вработените, како и врз основа на податоците од нивните завршни сметки за анализираната година.

Како дополнителен извор за економското работење на јавниот радиодифузен сервис Агенцијата го користеше и „Финансискиот извештај за реализација на финансискиот план на ЈРП Македонска радиотелевизија за 2022 година“.

Покрај податоците за економското работење, во Анализата се прикажани и податоците за гледаноста на телевизиите и за слушаноста на радиостаниците во 2022 година, коишто се добиени со истражување на јавното мислење со примена на методот телефонска анкета, што го спроведе истражувачката агенција Маркет Вижн од Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy