Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Израелската армија: Хамас држи 126 заложници
Македонија

Израелската армија: Хамас држи 126 заложници

15/10/2023

AA

Израелската армија денеска соопшти дека идентификувала 126 заложници кои ги држел Хамас од ненадејниот напад на палестинската екстремистичка организација врз Израел, на 7 октомври.

Израелските власти првично процениле дека биле заробени околу 150 Израелци и странци.

Официјални лица изјавија дека бројот е намален откако по нападот на Хамас во јужен Израел беа пронајдени одреден број тела.

Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт денеска изјави дека може да потврди за 126 заложници.

Војската, исто така, соопшти дека војниците пронашле останки на некои заложници за време на неколкуте копнени упади во петокот во Појасот Газа, но не соопшти за колку тела станува збор.

Хамас, кој владее со малата палестинска територија, тврди дека во израелските напади биле убиени 22 заложници. Групата, исто така, се закани дека ќе убива заложници доколку однапред не бидат објавени израелски напади врз цивилни цели.

Портпаролот Хехт кажа дека од почетокот на борбите се убиени 286 израелски војници.

Според најновите податоци, во нападот на борците на Хамас врз Израел се убиени над 1.300 лица, додека во израелските одмазднички напади врз Газа се убиени над 2.300 лица, соопштија локалните власти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
Македонија

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026
Македонија

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45123
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израелската војска вели дека моментално напаѓа, Иран тврди дека соборува „непријателски авион“

14/06/2025

Портпаролот на израелската војска изјави дека Израел во моментов извршува напади врз Иран и дека неговиот непријател „сè уште поседува

Помалку од 100 ракети лансирани од Иран, соопшти израелската војска

13/06/2025

Иран лансираше помалку од 100 ракети во два брана кон Израел, вели портпаролот на израелските одбранбени сили, Авичај Адрае. Во

Хамас: Сите јавни болници во северна Газа се затворени поради израелска воена акција

18/05/2025

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, објави дека сите јавни болници во северниот дел на Појасот Газа сега

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy