Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Израел за три месеци изгуби 25 милијарди долари! Колку ќе го чини војната во Газа?
Економија

Израел за три месеци изгуби 25 милијарди долари! Колку ќе го чини војната во Газа?

21/02/2024

AA

И покрај тоа што се соочува со судски процес за геноцид во Газа пред судот во Хаг, израелската десна влада не попушта и продолжува да ја урива Газа и да ја убива нејзината цивилна популација. Израелската економија бомбите на израелската армија ја чинат над 25 милијарди долари само во последните три месеци од 2023 година

Израел со војната во Газа за последните три месеци во 2023 година изгуби најмалку 25 милијарди долари од својот бруто домашен производ (БДП), покажуваат прелиминарните податоци на израелското државно биро за статистика, пренесува лондонската редакција на Си Ен Ен (CNN).

Војната што Израел ја води во појасот Газа која во светската јавност се почесто се нарукува геноцид врз Палестинците, го намали израелскиот БДП за 19 отсто во последниот квартал во споредба со перформансите на нивната економија во периодот јули-септември, пренесува Си Ен Ен.

Во пари тоа значи дека израелската економија изгубила барем 25 милијарди долари приходи од производство на стоки (за домашен пазар и извоз) заради нивната воена агресија врз Газа која беше рпредизвикана од терористичкиот напад на „Хамас“ на 7 октомври лани.

Падот на БДП во последниот квартал го оскати и годишниот раст на израелскиот БПД за цела 2023 година. Така на крај, според официјалните прелиминарни податоци, нивниот БДП пораснал за 2 отсто. Истата економија во 2022 година имала раст на БДП од 6,5 отсто. Претворено во пари ова значи дека израелската економија која во 2022 година продуцирала новосоздадена вредност од 522 милијарди долари (номинално), сега произвела само 2 отсто повеќе.

Израелските компании ги скратиле вложувањата за 68% !!!

Официјалните податоци што ги пренесува глобалната ТВ мрежа покажуваат дека израелскиот бизнис кренал рачна и инвестициите (фиксни) се намалени за 68 отсто во последниот квартал лани.

Голем пад има и кај личната потрошувачка на жителите на Израел. Таа е намалена за 27 отсто на годишно ниво како последица на војната во Газа.

Дополнително на ова Израел се соочува и значаен недостиг на работна рака која до нападот и воената офанзива ја сочинуваа Палестинците со работни дозволи во Израел.

Значаен пад од 18 отсто за цела 2023 година бележи и израелскиот извоз. Падот е силен и индикативен особено затоа што се знае дека Израел не доби никакви економски санкции од целиот цивилизиран западен свет во кој всушност Израел и најмногу извезува. Санциите изостанаа и покрај тоа што Израел во овие пет месеци уби повеќе од 14.000 деца и жени во појасот Газа додека со ракетни напади уриваше семејни куќи, станбени згради, училишта и болници во трите градови во појазот Газа: Кан Јунис, Газа и Рафах.

Досега израелската војска уби повеќе од 28.000 жители на Газа, најголем дел се цивили, ранети се речиси 70.000 лица, а урнати се над 70 отсто од сите цивилни објекти во Газа по израеското 120 дневно бомбардирање.

Извор на податоци: https://edition.cnn.com/2024/02/19/economy/israel-gdp-war-economy/index.html

https://www.aa.com.tr/en/economy/gaza-war-hits-israeli-economy-with-nearly-20-slump/3142157#:~:text=In%20the%20first%20quarter%20of,says%20killed%20nearly%201%2C200%20people.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy