
Изнајмиле јахта во Хрватска, а потоа исчезнале од радарот
Два пара изнајмиле јахта во Хрватска на 8 месецов, а потоа исчезнале од радарот.
На 14 јули им се губи трагата. Последен пат ги виделе кај Сивота во Грција, а кражбата во полиција ја пријавил сопственикот на јахтата, пишуваат регионалните медиуми.
„Им изнајмив јахта. Станува збор за два пара. Тие се упатија кон островот Корчула, каде вечерта на 14 јули го исклучија уредот за следење и оттогаш се водат како исчезнати“, изјавил тој.
Кажал дека станува збор за скапа јахта „Hanse 588“ со сиви едра, вдлабната од десната страна. Тој рекол дека хрватската полиција соработува со Грција и доколку некој има информации да ја информира полицијата.
