Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Излезе од затвор човекот кој ги даде клучевите од Собранието на 27-ми април, Абдуљфета Алими беше пречекан од Зијадин Села (ВИДЕО)
Македонија

Излезе од затвор човекот кој ги даде клучевите од Собранието на 27-ми април, Абдуљфета Алими беше пречекан од Зијадин Села (ВИДЕО)

30/05/2023

AA

По шест години поминати во затвор оти ги даде клучевите од Собранието на 27-ми април, попладнево од затворот во Скопје излезе Абдилфета Алими.

Пред затворот дојдоа негови пријатели и роднини за да го пречекаат Алими. Меѓу нив беше и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

„Во добра здравствена состојба сум, им благодарам на моето семејство, на моите соселани, на сите Албанци за поддршката, особено на мојот пријател Зијадин Села кој во секој момент ми го вардеше грбот. Ви благодарам вам и на медиумите што ме поддржувате. Слободата е скапа, тука поминав многу време. Годините овде не беа лесни, но со божја помош ги минав“, рече Алими.

Алими одлежа 6 години и два месеци затвор затоа што им фи даде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија главните порти на Собрание и им овозможија на насилните демонстранти да влезат во Собранието.

Судот предвиде дека казната против него заслужува повисок степен, но поради хуманото постапување (за спасување на животот на Села), судискиот совет ја намали ефективната мерка со определување ефективни 7 години затвор.

Судијката Добрила Кацарска тогаш рече дека е неспорен факт дека Алими го спасил пратеникот Зијадин Села, но и дека на снимките се гледа како ги дава клучевите од собраниските врати. Обвинителката Вилма Русковска пак во телевизиско интервју тврдеше дека Села бил спасен од еден од демонстрантите во Собранието, а не од Алими.

Абдулфета Адеми беше сведок во случајот за обид за убиство на Села предложен од јавното обвинителство. Тој во судница сведочеше за крвавите настани од 27 април и раскажа како успеале да го спасат лидерот на Алијансата од бесната толпа која повикувала на убиство. Алими раскажуваше како насилниците кои сакале да го убијат Села отстапиле откако тој им кажал дека Села е мртов. Потоа го однел во една од канцелариите на горниот кат, а од законодавниот дом успеал да го извлече по неколку часа, дури откако пристигнале полицајците. Зијадин Села бил изваден од Собранието маскиран во полицаец и бил пренесен на клиника со оклопно возило.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработените во „Комуналец“ Гостивар по 13 години добиваат здравствено осигурување

08/04/2026
Македонија

Аудиоснимка од 112: Ивана пријавила дека дома и се чува

08/04/2026
Македонија

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМУНАЛЕЦ ГОСТИВАР ПО 13 ГОДИНИ ДОБИЈА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

08/04/2026
Македонија

Конечно: Универзална почнува да се гради!

08/04/2026
Македонија

Разбиена нарко мрежа, Јанев: Повеќедецениски наркобосови веќе не се на

08/04/2026
Македонија

Акциска контрола на Мобилната единица на МВР, пет лица приведени,

08/04/2026
Македонија

МОН за првпат обезбеди учебник по „Јазик и култура на

08/04/2026
Македонија

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ГИ ОСУДИ ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНИТЕ ПРОТЕСТИ НА СТУДЕНТИТЕ Препорака

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42242
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработените во „Комуналец“ Гостивар по 13 години добиваат здравствено осигурување

08/04/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска дадоа изјава за медиуми

Аудиоснимка од 112: Ивана пријавила дека дома и се чува дрога и сопругот не ја

08/04/2026

Аудиоснимка од Центарот за итни случаи 112, презентирана како доказ во судница, открива вознемирувачки детали од комуникацијата на сега починатата

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМУНАЛЕЦ ГОСТИВАР ПО 13 ГОДИНИ ДОБИЈА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Исправена е долгогодишна системска неправда

08/04/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска соопштија дека е најдено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy