Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска на советничка ѝ рече дека е уличарка, а останатите ги нарече нефункционални кои го пробушиле дното, земајќи џабе 500 евра плата
Македонија

Арсовска на советничка ѝ рече дека е уличарка, а останатите ги нарече нефункционални кои го пробушиле дното, земајќи џабе 500 евра плата

30/05/2023

AA

„Ама ве молам бидете малку воспитана и културна, не можете на секој збор да дофрлате…Ако сте уличарка ние не мораме тука да ве трпиме“, рече денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

 Со овие зборови се обрати градоначалничката Данела Арсовска кон советничката од СДСМ Љубица Јанчева, одговарајќи на нејзиното прашање за финансиската состојба на Градот и дискусијата зошто Арсовска не дава извод од дневна состојба на сметките.

„Јас се извинувам ако го спуштив нивото, меѓутоа тоа не е мој начин на дискусија. Јас не користам збор лажеш, меѓутоа од денеска ќе морам бидејќи градоначалничката лаже. Градоначалничката вели дека таа е во право, кој ви кажа дека сте во право? Сабајле кога ќе станете во огледало кога се гледате? Граѓаните поинаку велат“, изјави Љубица Јанчева, советничка од СДСМ.

„Значи не е спуштено нивото, вие сте под секое ниво. Пробушено е дното, таму каде што сте“, возврати Арсовска.

Градоначалничката вели дека Градот е во одлична финансиска состојба и нема блокирана сметка, но на седницата не ги донесе финансиските извештаи кои ги бараа советниците.

„Тука сте направиле една така прекрасна коалиција против граѓаните затоа што никој од вас за граѓаните не работи“, изјави Арсовска.

Советниците денеска повторно одбија долгорочно задолжување на Градот за нови еко-автобуси, но прифатија да се стави точка на дневен ред за субвенции за клима-уреди и субвенции за замена на азбестните покриви за социјално загрозените граѓани.

„Целосно сте нефункционални, не си ги заслужувате паушалите, секој месец по 500 евра од човек плаќа секој граѓанин за вас тука, за да дојдете да седите да попувате и да продавате политика и да не ги поддржувате сите оние работи кои на нив им се неопходни“, додаде Арсовска.

На седницата се дискутираше за финансиската состојба на Градот, јавните претпријатија како и состојбата со изгорениот мост „Беласица“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026
Македонија

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026
Македонија

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР

02/09/2026
Македонија

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата

02/09/2026
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45394
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026

Зајакнувањето на безбедноста во казнено-поправните установи и спречувањето на влијанието на организираниот криминал се меѓу клучните цели на реформата на

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ја очекува Македонија денеска, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи. Според метеоалармот

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што го градиме

02/09/2026

По повеќегодишните најави за воведување железнички превоз во рамките на градскиот транспорт, Скопје и официјално го доби „Градскиот воз“. Првата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy