
ИЗГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА Неофицијално едното му припаѓало на поранешен полициски инспектор

Синоќа во Струмица гореле два автомобила паркирани едно до друго. Полицијата соопшти дека прво било опожарено патничко возило „ланд ровер” со струмички регистарски ознаки сопственост на Н.М.(51) од Струмица, а потоа пожарот се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд” со струмички регистарски ознаки сопственост на В.Т.(53) од Струмица.
Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на улица Браќа Миладинови во Струмица.
Медиумите објавија дека едното од возилата било на поранешен инспектор во МВР.
Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Засега нема информација за причините за пожарот на возилата.
.
