Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изабела Роселини целосно неретуширана на корицата на италијанскиот „Вог“
Магазин

Изабела Роселини целосно неретуширана на корицата на италијанскиот „Вог“

25/10/2023

AA

Изабела Роселини, која „Ланком“ ја отпиша пред да наполни 43 години дека била стара, сега е на насловната страница на октомвриското издание на италијанскиот „Вог“.

Компанијата за убавина на крајот ја увиде својата грешка и ја повика назад во 2016 година, потсетуваат медиумите.

Изабела сега има 71 година и збрчкано изгледа шик и кралски. Фотографијата е многу поприближна, попривлечна и шармантна во споредба со други жени од насловни страници, повеќето од нив ретуширани, сметаат познавачите. Според нив, максималното фотошопирање е целосно поразување на субјектот.

„Отфрлете го ‘ејџизмот’, може ли да имаме поискрен приказ на убавината?“

Во придружното интервју за „Вог“, Изабела – модел, актерка, сопственик на органска фарма – вели: „Токму тоа го барам од модата и козметиката. Сметам дека е многу редуктивно да изгледате помладо од својата возраст и во секој случај тоа е изгубена битка. Го замолив ‘Вог Италија’ да не ги ретушира фотографиите и да ме остави со моите брчки. Ако на 43 бев стара, сега на 71 сум таман. Франческа Рагаци, која го води списанието, прифати: новите генерации бараат помодерни и поинтелигентни дефиниции за убавина“.

Светските шоу-биз медиуми коментираат дека важно е за помладите жени, а и за сите жени, да имаат инспиративен модел за убавина. Жени што му пркосат на притисокот да изгледаат младо, без оглед на недостижните стандарди за убавина во индустриите за манекенство, глума и мода.

Според стандардите на модната индустрија, моделите и манекенките над 30 се стари, но работите почнуваат да се менуваат. Многу се пишува и се зборува гласно за „ејџизмот“ и за агресивното форсирање на естетската хирургија во модната и во филмската индустрија. Ретко се случува да видите некоја ѕвезда што ќе добие медиумски простор ако не се „подмладува“ до граници на непрепознатливост.

Насловната на „Вог“-  без фотошоп, без филтри и разубавувачи – е секако голема шлаканица за „ејџистите“.

Изабела се појави 38 пати на насловната на „Вог“ и беше најплатениот модел на светот по потпишувањето договор со „Ланком“. Рекламира нивни парфеми, кармини и козметика за лице речиси една деценија сè додека не наполни 43 години кога ѝ го прекинаа договорот дека била стара. Некои таблоиди се навратија на поранешните корици на ова модно списание, а кои ги краси токму таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy