
ИТАЛИЈАНСКАТА ДИНАСТИЈА АЊЕЛИ ЗЕМА ДЕЛ ОД ГИГАНТОТ ФИЛИПС: Богатите индустријалци купија 15 отсто од компанијата
Холдинг
компанијата Exor, во сопственост на богатото семејство Ањели, италијанска династија
на индустријалци, презеде 15 отсто од акциите на Philips, објави денеска
холандската технолошка компанија.
Според
портпаролот на Philips, Exor ги купила акциите за 2,6 милијарди евра.
– Оваа
инвестиција на Exor целосно го поддржува лидерството, стратегијата и
потенцијалот за создавање вредност на Philips и му овозможува на Exor да
назначи еден член во надзорниот одбор на Philips – се вели во соопштението на
холандската компанија.
Exor засега нема
краткорочни планови за дополнително зголемување на својот удел, како што се
наведува во соопштението, но според условите од договорот, може да го зголеми
својот удел на 20 проценти.
Извршниот
директор на Exor и наследник на семејството Ањели, Џон Елкан, рече дека фокусот
на Philips на здравствената заштита, како и технологијата, е во согласност со
посветеноста на Exor.
Ексор има акции
во групи како Стелантис, Ферари и Ивеко, но и во италијанскиот фудбалски клуб
Јувентус од Торино. По продажбата на компанијата Partner Re во 2021 година за
9,3 милијарди евра, Exor започна да се проширува во здравството со низа
инвестиции, со што се здоби со малцински удели во здравствените групи како што
се францускиот институт Mérieux и италијанскиот Lifenet.
