
Италија по 12 години ќе има финалистка на Ролан Гарос – трета во историјата!
Таа е првата Италијанка по пауза од 12 години која ќе игра за трофејот на гренслемот во Париз, а трета во историјата по Франческа Скијавоне во 2010 и Сара Ерани во 2012 година. Истовремено, Паолини е првата од својата земја што по девет години воопшто ќе игра за трофеј на еден од четирите најголеми турнири, по финалето на Ју-Ес опен помеѓу нејзините сонароднички Флавија Пенета и на Роберта Винчи.
Нејзина противничка во саботното финале ќе ѝ биде најдобрата светска тенисерка во моментов, Ига Швјонтек.