Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истражители од Јужна Кореја пристигнаа во Србија, го бараат крипто-милијардерот и измамник До Квон
Економија

Истражители од Јужна Кореја пристигнаа во Србија, го бараат крипто-милијардерот и измамник До Квон

08/02/2023

AA

Официјални лица од јужнокорејското обвинителство и од јужнокорејското Министерството за правда пристигнаа во Белград во потрага по крипто-милијардерот До Квон, кој се претпоставува дека се крие во Србија. Квон стои зад криптовалутата „луна“, чиј колапс „збриша“ инвестиции вредни околу 60 милијарди долари, што е најголемата загуба во светот на крипто.

Потрагата по контроверзниот основач на сега пропаднатиот криптосистем „Тера“, До Квон, се интензивираше бидејќи јужнокорејските власти наводно потврдиле дека испратиле најмалку две лица во Србија да трагаат по него. Според неодамнешниот извештај на Блумберг, обвинителството во Сеул соопшти дека извештаите за нивните претставници кои одат во Белград за да го најдат Квон „не се лажни“.

Јужнокорејскиот Chosun Media претходно објави дека јужнокорејската разузнавачка служба имала информации дека Квон е во Србија. Според тој медиум, во моментов нема договор за екстрадиција меѓу Јужна Кореја и Србија, поради што Квон ја избрал Србија за скривалиште.

Квон е обвинет за кршење на законите за пазарот на капитал во врска со колапсот на криптосистемот „Тера Класик“, кој збриша околу 60 милијарди долари инвестиции, според „Коинтелеграф“. Квон ја основа „Тера Класик“, која ја создаде криптовалутата луна. 

Квон е во бегство од средината на септември, кога беше распишана потерница за негово апсење, а по него беше распишана потерница од Интерпол, додека Јужна Кореја му го поништи пасошот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕДУМ ВОЗАЧИ ФАТЕНИ БЕЗ ДОЗВОЛА Mеѓу нив и малолетници зад

11/02/2026
Македонија

Македонец опериран со роботска кардиохирургија од македонски хирург во Германија

11/02/2026
Македонија

Комисијата за проценка на штети од земјотресот во Битола земала

11/02/2026
Македонија

АХВ: Инспекциски надзор само по уредно поднесени иницијативи

11/02/2026
Македонија

НЕРВОЗАТА И ПАНИЧНИТЕ РЕАКЦИИ НА ЗАЕВ И НА ФИЛИПЧЕ ДАВААТ

11/02/2026
Македонија

ВИДЕО На влез од Скопје се судрија БМВ и камион

11/02/2026
Македонија

ЦЕЛОСЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ СКОПЈЕ – МАКЕДОНСКИ БРОД Поради случена

11/02/2026
Македонија

ДОГОВОРОТ ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ Е ДОКАЗ ЗА ДИЈАЛОГ Над 11.000

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41318
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕДУМ ВОЗАЧИ ФАТЕНИ БЕЗ ДОЗВОЛА Mеѓу нив и малолетници зад волан, останаа без автомобили и

11/02/2026

Седум возачи биле приведени вчера низ државата откако полицијата ги фатила зад волан без возачка дозвола, а меѓу нив имало

Македонец опериран со роботска кардиохирургија од македонски хирург во Германија

11/02/2026

Македонски државјанин од Скопје, кој моментно живее и работи во Германија, успешно беше опериран со најсовремениот хируршки роботски систем da Vinci на

Комисијата за проценка на штети од земјотресот во Битола земала илјадници евра, додека граѓаните добиле

11/02/2026

Четири години по силниот земјотрес што ја погоди Битола во јануари 2022 година, исплатата на отштетите за граѓаните едвај започнува,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy