
Историски настап на асот на Реал: Модриќ влезе во топ-15 фудбалери по бројот на настапи за репрезентацијата
„Коцкестите“ гостуваат во Велс, а тој го игра својот 170. натпревар за националниот тим. Со тоа, влезе во одбраното друштво од само 15 фудбалери низ историјата кои ја достигнле оваа бројка кога станува збор за настапите за своите репрезентации, израмнувајќи се со египетската легенда Хосам Хасан.
Ако Хрватска се пласира на Европското првенство во Германија, а Модриќ остане во тимот дотогаш, ќе може да влезе и во топ-10 бидејќи десеттопласираниот Џанлуиџи Буфон му „бега“ само шест натпревари, а до крајот на квалификацискиот циклус за Европското првенство Модриќ ќе одигра уште два меча.
Од активните фудбалери, само четворица имаат повеќе одиграни натпревари за своите репрезентации: Кристијано Роналдо (Португалија, 202), Бадер Ал-Мутава (Кувајт, 196), Лионел Меси (Аргентина, 177) и Хасан Ал-Хајдос (Катар, 175).

