Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Исплата на пензиите од 27 февруари
Македонија

Исплата на пензиите од 27 февруари

22/02/2023

AA

Владата на вчерашната 131-ва седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за февруари, која ќе почне од 27-ми месецов.

Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24 февруари, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година, информираат од Владата.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

 

за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);

за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);

за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и

за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).

Владата, на вчерашната седница, ја разгледа и прифати и Информацијата со предлог мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите од јавниот сектор, со цел градење отпорност во нивната заштита, известуваат од владиниот прес-центар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42381
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026

Во сите православни храмови денес владее празнична атмосфера, додека верниците го прославуваат Велигден – најголемиот и најрадосниот христијански празник, кој

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy