
Испланирајте си убав викенд – ќе биде сончево и топло со температури до 29 степени!
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Како што јавуваат од УХМР, ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 29 степени.