
Искри во Азиската лига на шампиони: Се степаа играчи на Ал Духаил и Ал Наср (ВИДЕО)
Петте гола ги постигнаа двајца Бразилци, за Ал Наср хет-трик постигна Талиска, а Кутињо два пати погоди за домашниот тим. Освен тоа, мечот го одбележа инцидентот од финишот во кој во физичка пресметка влегоа неколку фудбалери на двете екипи.
Прв почна Отавио кој почна да клоца противнички играч, а потоа доби неколку удари поради што црвен картон му беше покажан на Мохамед од тимот на Ал Духаил.