Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври – кампањата почнува на 30 септември
Македонија

Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври – кампањата почнува на 30 септември

09/08/2025

AA

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се очекува официјално да ги распише локалните избори, осми по ред од независноста на државата.

Гласањето во првиот круг ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември. Граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во 80 општини и во Градот Скопје.

Рокот за поднесување кандидатски листи истекува 35 дена пред изборите, односно на 15 септември. Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги провери и утврди листите најдоцна на 27 септември. Изборната кампања ќе трае 20 дена и ќе започне на 30 септември.

Буџетот за организација на изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини се наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително, локалните самоуправи ќе ги покријат трошоците за надоместоци на избирачките одбори и транспорт на материјалот.

Еден од клучните рокови е увидот во Избирачкиот список, кој ќе почне 15 дена по распишувањето на изборите и ќе трае 20 дена. Во тој период избирачите со наполнети 18 години ќе можат да ги проверат и, доколку е потребно, да ги коригираат своите податоци електронски или во подрачните канцеларии на ДИК.

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години, во втората половина на октомври. Во Градот Скопје функционираат 10 општини со поделени надлежности со градската власт. Досега локални избори се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy