Исчезнато лице во Центар: Семејството бара помош за пронаоѓање
Семејството на Владимир Стојановски апелира за помош по исчезнувањето на неговиот татко, кој рано утрово, околу 6:30 часот, го напуштил домот во населбата Центар, на улицата „Илинденска“, во близина на Владата и Градскиот парк.
Како што информира Стојановски, неговиот татко најверојатно излегол од дома облечен само во пиџами и боледува од деменција. До вчера, како што наведува, бил целосно ориентиран и свесен за местото каде што живее.
Семејството ги повикува граѓаните доколку имаат каква било информација или го забележат лицето, веднаш да се јават на телефонскиот број 075 415 020.