
Исчезнат е Зоран Трифуноски од Охрид!
На социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на исчезнато лице Зоран Трифуноски од Охрид.
Според информациите, тој е исчезнат од средата (03.12) а последно од дома излегол околу 17-18 часот без мобилен телефон и без автомобил.
Доколку некој го забележал или има некаква информација, може да се јави на бројот 078314567 или во полиција.

