Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден автопатот Гевгелија – Богданци
Економија

ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден автопатот Гевгелија – Богданци

22/06/2025

AA

Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци во должина од 4,8 километри, инвестиција од пет милиони евра обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие државни патишта (ЈПДП), дел од регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци. Делницата е целосно рехабилитирана, изваден е стариот асфалт, тампонот и постелката и поставена е нова постелка, тампон и два слоја нов асфалт.

Рехабилитиран е и мостот пред Богданци на кој му се зајакнати столбовите, направена е хидроизолација и ставени се два слоја нов асфалт. Направени се и бетонски и земјени одводни канали покрај патот кои овозможуваат патот да биде постабилен и подолготраен.

На пуштањето во употреба присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски.

-За мене претставува посебна чест и задоволство и јас да сум присутен на овој настан заедно и со министерот и заменик-претседател на Владата Николоски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски. Покрај сите проекти коишто прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам дека во моментот со завршување на вториот повик за аплицирање на проекти коишто ќе ги финансираме од државниот буџет, а се однесуваат на општините, плус оние коишто беа од првиот повик, вкупно ќе имаме околу 1.200 градилишта, нешто што не се случило никогаш до сега во независна Македонија, одеднаш на 1.200 точки да се работи нешто, што е многу важно, рече премиерот Мицкоски во својот говор.

Кога на тоа ќе ги додадеме и сите проекти коишто се завршуваат, отпочнуваат а се надвор од оваа програма ги финансира Владата и јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата, додаде, доаѓаме до импресивна бројка од 1.500, нешто коешто навистина претставува реткост.

-Сега имаме би рекол исклучително чуден случај, дали нашата градежна оператива сето ова ќе може одеднаш да го совлада и да го изработи. Ќе имаме состанок во Стопанската комора во петок заедно со Николоски и Трајановски  со претставниците на Стопанската комора и градежната комора каде ќе разговараме да направиме план и динамика, затоа што сакаме што е можно повеќе македонски градежни компании, македонска градежна оператива да ги исполни обврските поврзани со сите овие градилишта, рече Мицкоски.

Потсети дека пред една година во земјава речиси ништо не се градеше, а сега, како што рече, се гради и ќе продолжи да се гради.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека изградбата на патниот правец Гевгелија – Богданци има огромно значење за развој на регионот, бидејќи поврзува неколку општини и населени места и дава силен инпут во развој на бизнисите и подобра комуникација на жителите.

-Значи за Богданци, за Гевгелија, за Валандово и Дојран и за целиот регион затоа што им овозможува подобра комуникација на сите овие општини и населени места, рече Николоски.

Нагласи дека ова беше еден од заглавените проекти кои што ги наследиле, но, посочи, еве се завршува, имаме еден нов модерен пат, пат кој целиот овој регион го поврзува со коридор 10. 

-Преку тоа го поврзува регионот со Гевгелија и со соседна Грција и Србија, го поврзува со главниот град Скопје и овозможува многу можности како за бизнис така и за размена, за студентите побрзо да стигаат до факултетите, земјоделците побрзо да ги продаваат своите производи и за сите кои живеат во овој дел за еден побрз напредок, рече Николоски.

Му се заблагодари на премиерот за поддршката и додаде дека големи проекти не се реализираат без поддршка. 

-Ние сме на дневна основа во комуникација и координација  и без премиерот и без неговата поддршка ни овој проект немаше да е возможен, истакна вицепремиерот Николоски. 

Директорот на ЈПДП Трајановски нагласи дека на делницата е направена целосна нова вертикална и хоризонтална сигнализација, поставени се нови знаци и има ново одбележување на патот.

-Сето ова е завршено навреме. Патот е почнат во јуни 2024 година и се завршува сега во јуни 2025 година. Завршен е во рокот, рече Трајановски и им се заблагодари на сите институции кои учествуваа во градбата на патот, како и на премиерот и вицепремиерот.

Посочи дека во моментов има многу интензивна градежна активност низ целата држава.

-Ова е четврти пат што го пушта ЈПДП за една година, а уште два патни правци набрзо ќе бидат пуштени во употреба, потенцира Трајновски. 

Со информацијата се пофали и министерот за транспорт, Александар Николоски.

„Со изградба на патот Гевгелија – Богданци ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија, објави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Инвестицијата е во вредност од 5 милиони евра!

Благодарност за сите кои се вложија во реализацијата на проектот, на вредните работници кои што работеа на овој проект!“, напиша тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
Македонија

СО ПЛОВЕЧКИ ФОТОВОЛТАИЦИ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42363
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Зад решетки 10 возачи

10/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на Македонија полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy