Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНТЕРВЈУ САЛВАРАС: Стратешкото партнерство помеѓу Филип Морис Интернешнал и Тутунски Комбинат Прилеп е успешна деловна приказна која има позитивно влијание врз целокупната економија
Економија

ИНТЕРВЈУ САЛВАРАС: Стратешкото партнерство помеѓу Филип Морис Интернешнал и Тутунски Комбинат Прилеп е успешна деловна приказна која има позитивно влијание врз целокупната економија

13/01/2025

AA

Г-дин Салварас, Филип Морис Интернешнал (ФМИ) и Тутунски Комбинат Прилеп
(ТКП) се во стратешко партнерство веќе 10 години. Како ја оценувате оваа
соработка?

САЛВАРАС: Соработката
помеѓу Филип Морис Интернешнал и Тутунски Комбинат Прилеп е пример за успешно
партнерство кое не е само успешна бизнис приказна, туку и пример за позитивно
влијание врз економијата и општеството. Ова партнерство овозможи успешно
реструктуирање и трансформација на ТКП, која од компанија со загуби се претвори
во успешен деловен субјект. Кога започнавме со партнерството, ТКП се соочуваше
со сериозни финансиски предизвици и немаше јасна развојна перспектива. Меѓутоа,
со инвестициите од страна на ФМИ, имплементацијата на модерни технологии и пренесувањето
на глобалното искуството, успеавме да ја трансформираме компанијата во ефикасна
и профитабилна деловна единица.

Денес,
ТКП не само што произведува брендови од портфолиото на ФМИ, туку и го зголеми
обемот на производството и започна сопроизводство за странски пазари. Денес брендовите
произведени во ТКП се извезуваат на 9 пазари (Србија, Црна Гора, Босна и
Херцеговина, Албанија, Ерменија, Косово, Грција, Израел, Молдавија), а се
најавува и извоз на нов пазар од ЕУ за 2025 година. На 16 декември 2024 година
се сретнавме со претставници од Владата за да го прославиме овој значаен успех
и силното партнерство кое нѐ доведе до овој момент. Нашето заедничко патување
со Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) и Владата е обележано со
меѓусебна доверба, директна комуникација и длабоко разбирање на нашите деловни
потреби.

Од
гледна точка на заедничката компанија ФМТКП, задоволни сме од нејзиното
позиционирање и позиционирањето на брендовите на Филип Морис на македонскиот
пазар, но и од успешното прифаќање на новата генерација иновативни производи со
намален ризик. Довербата што ја изградивме со локалните заедници и Владата ни
овозможи да поставиме темели за долгорочна и одржлива соработка.

Дали постојат планови за проширување на оваа соработка во иднина?

САЛВАРАС: Се
разбира. Нашата визија е долгорочна. Нашата цел е да ја продолжиме оваа успешна
соработка и да ја прошириме во иднина. Преку иновации и инвестиции во нови
технологии, сакаме да создадеме одржлив производствен систем со уште подобри
перформанси. Исто така, работиме на зголемување на обемот на производство во
ТКП, како и на проширување на асортиманот на производи.

Една од главните корпоративни стратегии на Филип Морис е иднина без чад.
Колку добро се реализираат вашите планови?

САЛВАРАС: Иднина
без чад е нашата визионерска стратегија, која подразбира транзиција од
традиционални производи, како што се цигарите, кон иновативни производи со
намален ризик. Тоа е визијата што нè води кон подобар свет. Нашата цел е да им
понудиме на пушачите кои не се откажуваат од никотинот, помалку штетни
алтернативи кои ќе го намалат здравствениот ризик. Ова подразбира користење на
технологии базирани на наука, каков што е и иновативниот уред IQOS, кој го
загрева тутунот наместо да го согорува.

Ова не
е само моментална стратегија, туку обврска и одговорност за трајна промена во
индустријата која ќе има позитивно влијание врз јавното здравје на глобално
ниво. Сепак, овој процес е комплексен, бидејќи бара промени во регулативите,
едукација на потрошувачите и прифаќање на иновациите. Глобално, постои значаен
развој за унапредување на регулативите кои ја поддржуваат оваа транзиција и ние
сме подготвени да бидеме партнер во овој процес.

Дали производите со намален ризик се прифатени на нашиот пазар?

САЛВАРАС: Иако во
регионот постои длабоко вкоренета традиција на пушење, Северна Македонија сепак
покажува интерес и потенцијал за прифаќање на концептот на намалување на штети.
Производи како IQOS веќе се достапни и добро прифатени од страна на пушачите
кои бараат алтернативи. Иако не сите пушачи се подготвени веднаш да преминат на
нови алтернативи, забележуваме постепено прифаќање на овие производи од дел од
населението, особено кај пушачи кои се посвесни за здравствените ризици и се
отворени за промени.

Посветени
сме на подигнување на јавната свест преку кампањи и едукативни иницијативи, кои
ќе создадат позитивен тренд кон намалување на штетноста од пушењето. Во оваа
насока имаме интердисциплинарен пристап. Тој вклучува кампањи за јавно
информирање, соработка со здравствени институции, научни студии кои се
транспарентни и достапни за јавноста, како и директна комуникација со пушачите.
Најважно е да се изгради доверба во јавноста преку факти и докази, како и да се
поддржат пушачите во нивното патување кон промена.

Филип Морис го прошири својот асортиман со никотински ќесички. Каков
потенцијал има овој производ за намалување на бројот на пушачи?

САЛВАРАС: Верувам
дека никотинските ќесички имаат значителен потенцијал да го намалат и бројот на
пушачи и штетата од пушењето. Најдобар пример за тоа е Шведска, каде што
никотинските ќесички и слични производи се широко користени, а земјата денес се
гордее со најниската стапка на пушење во Европа и, истовремено, најниска
инциденца на болести поврзани со пушењето. Во 2022 година, Филип Морис го купи
Swedish Match AB, водечки производител на производи без чад во Шведска. Под
закрилата на Филип Морис, нивниот производ ZYN, никотински ќесички, се прошири
на нови пазари. Бројот на пазари каде што е присутен се искачи на 30, со особено
висока побарувачка во САД, каде што ZYN порасна за повеќе од 40% во споредба со
претходната година. Нашата цел е да им обезбедиме на потрошувачите разновидни
опции, за да можат да го најдат најдоброто решение што одговара на нивните
преференции и стил на живот. Можеби ќе биде потребно време возрасните пушачи да
се навикнат на никотинските ќесички, особено во земјите каде што оралните
никотински производи не се широко познати. Но, оптимисти сме дека со соодветна
едукација и достапност, овој производ може да одигра клучна улога во
намалувањето на стапката на пушење.

Каква е позицијата на Северна Македонија на регионалната и глобалната
сцена?

САЛВАРАС: Северна
Македонија е значаен производител на тутун која има развиено разумна
регулаторна рамка за алтернативните никотински производи. Со години, вашата
земја јасно и гласно зборува на меѓународната сцена за неопходноста од
разликување помеѓу цигарите и подобрите алтернативи. Затоа, верувам дека
Северна Македонија може да ги сподели своите искуства во оваа област со своите
соседи, особено со ЕУ. Во однос на тутунската индустрија, во наредниот период, две
важни законски регулативи – Директивата на акцизи на тутунски производи и Директивата
за тутунски производи се во значаен процес на подобрување и ревизија од страна
на новиот состав на Европската комисија. Секоја мерка вклучена во овие
директиви ќе влијае не само на земјите-членки на ЕУ, туку и на развојот на
политиките во земјите-кандидати. Како земја-кандидат за членство во ЕУ, уверен
сум дека Северна Македонија може да сподели вредни согледувања и искуства за да
помогне во обликувањето на дискусијата по ова прашање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy