Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНТЕРВЈУ КУЗМАНОСКА УНИБАНКА: Штедете сигурно за сите идни големи и мали желби!
Економија

ИНТЕРВЈУ КУЗМАНОСКА УНИБАНКА: Штедете сигурно за сите идни големи и мали желби!

17/02/2023

AA

Каков е интересот за штедење, колкави се каматните стапки за
орочени средства во банката, како
граѓаните сами да ги проверуваат своите заштеди, влијанието на кризите врз штедењето и како растот на основната
каматна стапка ќе влијае врз штедењето – беа темите на разговор со директорката на Дирекцијата банкарство за население во УНИБанка, Катица Кузманоска. 

Пред нас е година која носи нови предизвици имајќи ги
предвид турбуленциите
кои се
случуваа изминатиот период. И покрај сите неизвесности, податоците на
ниво на банкарски сектор покажуваат раст
на депозитите и на кредитите кај
населението.
Какви се очекувањата на УНИБанка за оваа година од аспект на
депозити, очекувано ли е да растат
заштедите? 

Кузманоска: Како што покажа времето, дури и во
кризни периоди – ковид кризата, инфлацијата,
кога граѓаните немаа визија каде сето ова води, сепак има раст на депозитите, како на ниво на банкарски
сектор, така и во УНИБанка. Ова покажа дека
и во стресни ситуации довербата во банкарскиот сектор е присутна и граѓаните се одлучуваат средствата да ги
депонираат во банките.

Со оглед на високата инфлација, централните банки ширум
светот ги зголемија
основните
камати, а истото се случи и кај нас. Тоа доведе до извесно
зголемување на каматните стапки на
депозитите. Дали сметате дека ќе
продолжи
и во иднина овој тренд?  

Кузманоска: Бидејќи зголемување на основната
каматна стапка е една од мерките со кои се влијае
врз инфлацијата, овоj месец Народна банка повторно ја зголеми основната каматна стапка, но со пониска
стапка на покачување. Иако од ноември
досега се забележува постепено забавување на инфлациjата верувам дека каматите ќе стоjат високи уште
извесен период.

Дали растот на каматите на депозитите би придонесол за
раст на интересот кај
граѓаните
за штедење, и дали тоа би водело кон раст на депозитите во земјава?

Кузманоска: Интересот кај граѓаните за штедење секогаш постои, но секако
очекувано е со растот на каматите да
се зголемат заштедите, бидејќи секој очекува повисок принос. Реално, еден мотив кој ги води граѓаните да штедат е
сигурноста, но од друга страна и
приносот кој го очекуваат и го добиваат. Зголемувањето на каматните стапки на депозитите обезбедува
додадена вредност за клиентите на долг
рок.

Какви продукти од областа на депозитното работење нуди
УНИ
Банка за граѓаните кои сакаат своите заштеди да ги
чуваат во банка?

Кузманоска: Нашата политика е да одржуваме продукти со фиксни конкурентни
каматни стапки, кои на клиентите им
даваат сигурен принос во договорниот период, а воедно и можност за неограничено дополнително вложување на средства
на постоечкиот депозит. Депозитите на
физички лица се осигурани во Фондот за осигурување
на депозити.

На своите клиенти, постоечки и идни, им овозможуваме да го
изберат депозитниот продукт кој
најмногу одговара на нивниот финансиски план и ќе им помогне да ја зголемат заработката. 

Каматните стапки во
УНИБанка се 3,5 отсто
за штедење во денари и 3 проценти
за штедење во евра за рочност од 36 месеци.

Атрактивна понуда имаме и во пократките рокови – 12 и 24
месеци, 2,5 отсто и 3 проценти респективно за штедење во
денари и 2 отсто и 2,5 проценти респективно за штедење во евра.

Умната Депозитна Сметка е продукт кој овозможува каматна
стапка која прогресивно расте дури до
5 отсто. Можноста за слободна
уплата и се разбира исплата на средства од сметката во секое време, го прави уникатен продукт на пазарот. На клиентите им
нуди чувство на сигурност и слобода
во располагањето со сопствените средства.

Се разбира тука е и Детското штедење со фиксна каматна
стапка дури до 3,5 проценти. Во чекор со дигиталните трендови ја
поттикнуваме опцијата за орочување и дополнување
на депозити преку платформата за електронско банкарство. 

Сметате ли дека каматната стапка на продуктите од областа
на депозитите кои
ги нуди УНИБанка се конкуренетни на пазарот во нашата
земја?

Кузманоска: Слободно
може да кажеме дека имаме меѓу најатрактивните продукти на пазарот, како по карактеристиките, така и
согласно каматните приходи кои ги носат
за клиентите како кај денарските заштеди, така и кај заштедите во валута.

Штедењето е традиција во нашата земја, сметате ли дека
граѓаните имаат
доверба во
банките? Што придонесува кон поголеми заштеди?

Кузманоска: Се разбира дека граѓаните имаат
доверба во банките. Потврда е растот на заштедите
на граѓаните. Како што споменав и покрај кризите депозитната база на населението се зголемила, не само кај
нас туку и кај целиот банкарски систем.
Голем удел во растот на депозитите има и транспарентноста на Народна банка, која постојано информира дека
банките се високо ликвидни и дека се добро
капитализирани и со тоа влијае врз свесноста на граѓаните зголемувајќи ја довербата во банкарскиот сектор.
Дополнително на граѓаните им е јасно дека депозитите
се осигурани преку Фондот за осигурување на депозити и тоа им влева уште поголема сигурност.

Петранка
Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy