Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНТЕРВЈУ БОГАТИНОВСКИ: Решенијата за поквалитетен живот се дигитални
Економија

ИНТЕРВЈУ БОГАТИНОВСКИ: Решенијата за поквалитетен живот се дигитални

08/04/2025

AA

Дигитализацијата
на бизнисите и на општеството е природна еволуција – очекуван исход од развојот
на технологиите. Како дигиталните иновации ќе ни го направат животот подобар во
иднина? Какво влијание ќе имаат на економијата и здравството, на начинот на кој
работиме и комуницираме? За да дознаеме што прават технолошките лидери на оваа
тема во моментов и какви се нивните планови за годините што следат, разговараме
со Марјан Богатиновски, Главниот комерцијален директор за деловни корисници во
Македонски Телеком.

Дискусијата за дигиталната трансформација во Македонија е присутна повеќе
години наназад, а јавноста веќе има можност да види како функционираат некои од
паметните дигитални решенија коишто ги донесе овој бран на иновација. Како
гледате на прогресот на дигитализацијата во нашето општество? Сметате ли декa се
адаптираме на промените со соодветно темпо?

БОГАТИНОВСКИ: Дигитализацијата на бизнисите и на општеството е природна еволуција –
очекуван исход од развојот на технологиите, поттикнат од потребите на нашите
граѓани и компании. Ние сме сведоци на раст на интересот на бизнисите и на институциите
за новите дигитални решенија коишто им решаваат многу предизвици. Ако порано
нашите презентации и конференции за вакви решенија се сведуваа на коментари од
посетителите од типот „ова е интересно”, сега гледаме многубројни конкретни
барања за што побрза реализација и имплементација. Позитивните искуства на
корисниците брзо се пренесуваат. Иако беше потребно подолго време овој процес
да стекне поголем интензитет, сметам дека сега тој е незапирлив.

Сепак
се работи за голема промена којашто, за да ни ги направи животите поедноставни
и побезбедни, потребно е да биде прифатена од целата заедница – граѓаните,
бизнисите, институциите… Каде ја гледате улогата на Македонски Телеком во
овој процес? 

БОГАТИНОВСКИ: Македонски Телеком има
повеќекратна улога во воведувањето на дигитализацијата во сите сфери на
општеството. Ние сме де факто технолошки лидер, со соодветна мрежа, ресурси и
процеси за поддршка на ваквата еволуција. Од една страна, како членка на  Групацијата Дојче Телеком, ние ги споделуваме заедничките
искуства и експертизата. Од друга страна, ние сме извор на млади кадри коишто
создаваат решенија овде, во Македонија, во нашиот Развоен центар за напредни
решенија. Исто така, нашата улога ја гледаме во промоцијата, едукацијата и
советодавните активности за нашите корисници за тие да можат да го извлечат
максимумот од имплементираните решенија.

Од што се водите при развојот на решенијата за крајните корисници?

БОГАТИНОВСКИ: Имаме неколку принципи од кои се водиме при создавањето дигитални решенија.
Како прво, велиме дека нудиме резултат а не само услуга.Корисникот мора да има мерлива корист од
решението: треба да знае точноколку заштедил вода, електрична енергија, колку се
подобро осветлени јавните површини, колку интернет закани се откриени и
спречени, колку клиенти дознале за неговиот производ преку нашата платформа за
комуникација итн. Второ, решенијата се сеопфатни – се трудиме да обезбедиме наш
хардвер, софтвер, мрежа, безбедност… Ова ни го овозможува третиот принцип: да
ги приспособуваме решенијата на конкретниот корисник, бидејќи не може едно исто
решение да биде еднакво добро за сите корисници. Многу е важно што решенијата
ги нудиме како управувана услуга од Македонски Телеком – корисникот не треба да
инвестира однапред, туку плаќа месечно за пристап до услугата, онолку колку што
користи.

Во неколку наши општини веќе можат да се забележат функционални решенија за
паметно осветлување, контрола на потрошувачката на вода и автоматизација на
процесите, целосно развиени од Македонски Телеком. За какви решенија се работи
и како се тие прифатени?

БОГАТИНОВСКИ: Се работи за решенија коишто значително го подобруваат квалитетот на живот
на нашите сограѓани. Со паметното осветлување се штеди електрична енергија, се
обезбедува значително подобра осветленост на коловозите и тротоарите и се
поедноставува процесот на одржување на осветлувањето. Паметните водомери коишто
ги инсталиравме како пилот-проект во неколку општини овозможуваат далечинско
читање на потрошувачката, идентификација на несакано истекување, далечинско
намалување на протокот или запирање на водата (на пример, во викендички или за
интервенција), алармирање за злоупотреба на водомерот… Системот за контрола
на електричната енергија ни обезбедува далечински увид во електричните
параметри во реално време, но и можност за вклучување и исклучување на
напојувањето, како и управување со струјата генерирана од соларни панели. Сите
овие решенија имаат значителна компонента на подобрување во управувањето со
стратешките ресурси, но и за зачувување на природните ресурси, што е
исклучително важно за сите.

Дали работите и на телемедицината и на дигитално здравство?

БОГАТИНОВСКИ: Овие решенија ја имаат најхуманата вредност од сите коишто им ги нудиме на
нашите партнери и корисници, што се покажа и во практиката. Со нив се
обезбедува, на пример, лекар-специјалист во Скопје да чита медицински резултати
од Гевгелија, наместо да патува до таму. Со ова се скратува времето на чекање
на дијагнозата, што честопати значи многу за пациентот. Понатаму, матичните
лекари можат да добијат медицински уреди коишто се аплицираат кај пациентот
дома додека лекарот го следи од својата ординација. Со овасе подобрува дијагностиката и
се поштедува пациентот од патување, што е особено важно за повозрасните и тешко
подвижните пациенти. Истиов принцип може да се примени и во амбулантно возило –
додека пациентот се пренесува, на пример, од Пехчево до Скопје, лекарите специјалисти
од Скопје можат далечински да ги надгледуваат неговите витални параметри, да му
даваат совети на медицинскиот персонал во возилото за апликација на лекови и да
се подготват за интервенција кога ќе стаса пациентот. За конкретните резултати
од првите примени, меѓу кои и спасувањето животи, подобро би објасниле матичните
лекари и специјалистите коишто веќе ги користат.

Дигитализацијата носи и предизвици поради безбедносните интернет закани.
Што презема Телеком на ова поле за да обезбеди подобро искуство за корисниците?

БОГАТИНОВСКИ: Да,
безбедноста во дигиталниот простор е од исклучително значење. Поради ова нудиме
решенија по мерка за големите корисници, но исто така креиравме услуга за
малите и средните компании коишто речиси и да немаат ИТ персонал. Со нашата услуга
Безбедносен оперативен центар овозможуваме откривање, анализа и, по потреба, интервенција
за широк спектар можни интернет напади, 24 часа на ден, 365 дена во годината. Покрај
ова, нудиме редовно автоматско креирање заштитена копија од податоците во
нашиот Податочен центар, којашто корисниците ја имаат на располагање во случај
на испад на нивните системи.

Што можеме да очекуваме во следниов период?

БОГАТИНОВСКИ: Постојано работиме на развојот на нови решенија во чекор со барањата на
корисниците и технолошкиот развој. Очекуваме засилена имплементација на паметни
градови и дигитализирани компании што ќе се засноваат на нашите услуги коишто
се водечки во регионот. Очекуваме придобивките да имаат широк опсег на примена и
да бидат почувствувани не само од компаниите, туку и од сите граѓани.  

За крај, би сакал да потенцирам дека се радуваме на патот што ни претстои на
сите нас, а којшто треба заедно да го изодиме, до целосна дигитализација на
општеството. На овој пат може да се смета на целосна поддршка од Македонски
Телеком.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и

14/02/2026
Македонија

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола

14/02/2026
Македонија

Кавадарчанка измамена од сограѓанка за 180 илјади денари – требало

14/02/2026
Македонија

СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ ФУНКЦИОНИРА ПО СТАРИТЕ ПРАВИЛА Мицкоски вели дека

14/02/2026
Македонија

Маж од Росоман со алат одземал фотоволтаични панели од нива!

14/02/2026
Македонија

Скопјанка со тврд предмет си го нападнала синот!

14/02/2026
Македонија

Скопјанец нападнат додека бил со девојката: Насилникот му се заканувал

14/02/2026
Македонија

Маж со тупаници ја тепал својата бремена девојка – тргнале

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41461
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и му го одзеде возилото

14/02/2026

Вчера вечерта се случи инцидент кога 76-годишен скопјанец изгуби контрола над своето патничко возило „цитроен“ и излетал од коловозот на

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола кај Македонски Брод

14/02/2026

На 13.02.206 во 13:50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле

Кавадарчанка измамена од сограѓанка за 180 илјади денари – требало да започнат бизнис

14/02/2026

На 13.02.2026 во 11:50 часот во ОВР Кавадарци, 28-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена од едно женско лице од Кавадарци

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy