Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интервју Јанковиќ: Шпанскиот гигант за автоматски системи ERREKA влегува на македонскиот пазар
Економија

Интервју Јанковиќ: Шпанскиот гигант за автоматски системи ERREKA влегува на македонскиот пазар

11/04/2023

AA

Познатиот шпански бренд ERREKA, еден од водечките светски брендови за автоматика, автоматски клизни, крилни и ротирачки врати за сите типови на објекти, херметички врати, мотори за клизни и крилни капии присутен и на домашниот пазар благодарение на компанијата ТФМ ТИМ.

Компанијата на нашиот пазар нуди и иновативни производи кои досега не биле присутни, како што се хигиенските ѕидни облоги кои наоѓаат примена во здравството како болници и фармацевтската индустрија. Меѓу продуктите на ТФМ ТИМ се и уникатните LUMOMAX систем за осветлување. За брендовите, како и за продуктите кои се присутни на нашиот пазар разговараме со Иван Јанковиќ, управител на компанијата ТФМ ТИМ.

Господине Јанковиќ, Ве молам кажете ни нешто повеќе за вашата компанија и досегашните
искуства?

Јанковиќ: ТФМ ТИМ ДОО Скопје е основана пред неколку месеци, а во
Србија успешно работи повеќе од 15 години. Во Србија клиенти на ТФМ ТИМ се
околу 80 проценти од логистичките центри, фабрики, болници, трговски ланци и други
деловни објекти. Големото искуство стекнато во изминатите години преку
соработката со релевантни компании кои се присутни во регионот, придонесе да се
донесе одлука за инвестирање и проширување на активностите и во Македонија.

Можете ли да ни дадете повеќе информации за видот на производите и услугите
кои ги нудите?

Јанковиќ: Нашата компанија е единствен застапник за Балканот на шпанскиот бренд ERREKA, кој е еден од водечките светски брендови за
автоматика, автоматски клизни, крилни и ротирачки врати за сите типови на
објекти, херметички врати, мотори за клизни и крилни капии, како и мотори за
сегментни, роло и хармоника гаражни врати, паркинг рампи, заштитни бариери,
како и сензори од јапонскиот бренд Hotron.

Исто така, нудиме производи за логистички центри,
магацини, деловни објекти во делот на претоварна техника ( утоварно-истоварни
хидраулучни рампи) и докшалтери, како и брзи-ПВЦ врати кои се повеќе се
употребуваат бидејќи се многу практични и ја штедат енергијата која е многу
важна за секоја компанија. Можеме активно да 
учествуваме со предлози во процесот на проектирање на логистички центри
или магацини, опремување на истите, како и техничко одржување и сервис.

Во делот на противпожарна заштита, нудиме повеќе
видови на димни завеси, противпожарни врати (стандардни и роло) и противпожарни
завеси.

Покрај автоматиката, вашата компанија нуди и некои
уникатни производи кои имаат широка примена во повеќе сектори. По што се тие
специфични?

Јанковиќ: Посебен сегмент во нашата понуда се однесува на еден иновативен производ
кој го немаше досега на нашиот пазар, а тоа се хигиенските ѕидни облоги DECOPAN (облоги
за чисти соби), кои наоѓаат примена во здравството (болници и фармацевтска индустрија)
и во производството и чувањето на храна, млечни и месни производи.

Тие обезбедуваат хигиенска безбедност, не задржуваат
бактерии и вируси на својата површина, имаат голема отпорност на хемикалии,
удари и оштетувања и имаат голема примена при санација на постоечки оштетени ѕидни
панели. Во Македонија веќе се вградуваат во најголемата и најуспешна
фармацевтска компанија, која прва и ексклузивно ќе има можност да ги вгради
ѕидните облоги во нивните објекти.

Нудиме LUMOMAX
систем за осветлување кој е
уникатен, чија фабрика е во Србија, а се планира и дел од светилките да се
произведуваат во Македонија, што ќе биде позитивен поттик за домашната
економија.

Се работи за систем на осветлување, кој се прави
специјално по нарачка, посебно за секој деловен објект. LUMOMAX претставува иновативен систем за
осветлување во кој изворот на енергија и контролните елементи целосно одвоени
од светилките и лоцирани се во наменски конструирани ормани. Во светилките има само лед диоди и
секоја светилка со тенок кабел е поврзана со орман, во кој се наоѓа контролирано
професионално напојување заедничко за сите светилки, што овозможува штедливост
и долготраен век на работа на светилките и поради  тоа е овозможено истите да имаат гаранција од
10 години.

Подетални информации за сите наши
производи се достапни на нашиот сајт www.tfmtim.mk и на Инстаграм.

Кои се вашите планови за развој на бизнисот и кои се потенцијалите на
пазарот?

Јанковиќ: Македонија има голем потенцијал за развој на овој сектор
од причина што се повеќе странски компании инвестираат и се присутни во
земјата. Ние секако, со нашето знаење и квалитет, ќе придонесеме за збогатување
и развој на пазарот и ќе претставуваме сигурен партнер за сите субјекти кои
имаат потреба од производите и услугите кои ги нудиме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy