
ИНФЛАЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Што се случува со цените на храната?
Инфлацијата во Германија ослабела на почетокот на годината. Има поблаго зголемување на цените на храната. Најмногу во почетокот на 2025 година поскапеле услугите, за 4 проценти, отприлика како и во декември. Енергијата пак, и во јануари поевтинула за 1,6 проценти.
Во јануари цените биле повисоки за 2,3 проценти во однос на истиот месец од минатата година, пресметал Дестатис. Во декември цените се зголемиле за 2,6 проценти.
Германија втора година по ред е во рецесија.
