Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМААТ ДОБРА КОНДИЦИЈА И ЕНТУЗИЈАЗАМ: Луѓе пред пензија заминуваат на сезонска работа во Хрватска
Економија

ИМААТ ДОБРА КОНДИЦИЈА И ЕНТУЗИЈАЗАМ: Луѓе пред пензија заминуваат на сезонска работа во Хрватска

22/02/2024

AA

Луѓе во
поодминати години одат на сезонска работа во Хрватска. Станува збор за луѓе кои
се пред пензија, ги има и мажи и жени, кои се во добра кондиција, сакаат да
работат и преку лето одат во Хрватска.

Милан Џинлев од
агенцијата Приорити солуции за вработување од Скопје објаснува дека иако
најголем дел од кандидатите се на возраст од 22 до 54 години, сепак има и луѓе
кои се на возраст од 58 и 60 години и одат на сезонска работа во Хрватска. Тој
вели дека на овие луѓе треба и им се дава 
шанса, затоа што сакаат да работат.

„Тоа се најчесто
сопружници, или група пријатели кои одат на сезонска работа во Хрватска, потоа
се враќаат овде, си ги трошат заработените пари и потоа идната година пак одат.
Ги има и мажи и жени. Додека ги исполнуваат условите, односно имаат искуство за
работната позиција за која бараме кандидати, тоа е потребно за да можеме да ги
доведеме до интервју, треба да им се даде шанса без разлика на годините. Обично
се вработуваат во Хрватска како собарки или помошници во кујна. Тие се
ентузијасти и се во добра кондиција, така што можат да работат. Се пријавуваат
луѓе од сите градови. Воедно, таму ќе сретнат луѓе на свои години, ќе прошетаат
и тоа е добро за нив. Добро е да слушнеме за такви позитивни примери“, вели
Џинлев.

Многу луѓе во
својство на посредници регрутираат работници. Тие наведуваат дека вештините на
работникот се најважни.

„Јас барам пекари
за работа во Макарска. Поврзан сум со газда од таму и обично се јавуваат луѓе
на возраст од 35, 40,  50 или најмногу 55
години за работа. Ако е повозрасно лицето треба да се види дали ќе одговара за
она што се бара“, вели посредник.

Секоја година
илјадници Македонци заминуваат на работа во странство. Хрватска е една од
омилените дестинации за нашинците поради близината, јазикот, висината на
платите. И Хрватска има потреба од голема број сезонци поради одливoт на
хрватското население во побогатите земји од Европската Унија(ЕУ). Според
пишувањата на медиумите во Хрватска и регионот, од година во година расте и
бројот на хрватски пензионери кои домашниот буџет го потполнуваат со тоа што
работат со половина работно време. Лани во мај скоро 29.000 пензионери работеле
со половина работно време.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Тивок повик“ преку QR кодови: Како радикалите регрутираат млади во

21/12/2025
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СЕ КООРДИНИРААТ, ОДГОВОРНОСТИТЕ ДА СЕ РАСПРЕДЕЛАТ Состанок во

21/12/2025
Македонија

„Метлата“ на Ахмети ги исчисти „ветераните“: Џафери, Беџети и Дураку

21/12/2025
Македонија

ЕК спушти „рампа“ за ИПАРД 3? Висат 97 милиони евра

21/12/2025
Македонија

ОБРАЗОВАНИЕТО НА МАЈЧИН ЈАЗИК Е ДЛАБОКА ЦИВИЛИЗАЦИСКА ВРЕДНОСТ Мицкоски го

21/12/2025
Македонија

ВИДЕО Детали за несреќата кај Желино: Судир на два камиони,

21/12/2025
Македонија

„Ало 194, се гушиме“: Телефоните на Итната помош вжештени, лекарите

21/12/2025
Македонија

Расчистен грабежот во Гостивар: Тројка „олеснила“ куќа за 65.000 евра

21/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39262
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Тивок повик“ преку QR кодови: Како радикалите регрутираат млади во Македонија додека МВР брои рекорден

21/12/2025

Додека државата на хартија подготвува нов закон за следење на онлајн просторот, на терен се одвива „тивок лов“ на млади

ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СЕ КООРДИНИРААТ, ОДГОВОРНОСТИТЕ ДА СЕ РАСПРЕДЕЛАТ Состанок во Владата за приоритетите од Реформската

21/12/2025

Во Владата денеска се одржа состанок за тековните приоритети од Реформската агендa, информира премиерот Христијан Мицкоски. „Денеска одржавме неделен состанок

„Метлата“ на Ахмети ги исчисти „ветераните“: Џафери, Беџети и Дураку без функции – Бадентер за

21/12/2025

Конгресот на ДУИ донесе драстични кадровски промени кои во јавноста се толкуваат како обид за рефреширање на партијата по изборниот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy