
ИМА ЕДНО „ЗЛАТНО ПРАВИЛО“: Колку пари треба да издвоите за кирија во Германија?
„Златното“ правило е дека киријата не треба да изнесува повеќе од 30 проценти од платата во Германија.
Истражувањето покажува дека 15 отсто од испитаниците трошат повеќе од половина од својата плата за кирија, додека 3 отсто надминуваат 70 отсто.
Осум проценти од жителите успеваат да ги намалат трошоците за домување под 20 отсто од приходот.
Најновото истражување спроведено за германската новинска агенција (dpa) од страна на агенцијата YouGov открива дека за некои граѓани трошоците за домување далеку ги надминуваат препорачаните граници. Имено, дури 15 проценти од испитаниците издвојуваат повеќе од половина од својата плата само за кирија. За три проценти од нив, овој удел дури надминува 70 проценти од месечните приходи.
Секако, постојат и спротивности: осум проценти од Германците успеваат да ги намалат трошоците за домување под 20 проценти од нето-приходот. Најголемиот број испитаници – речиси половина – издвојуваат помеѓу 20 и 39 проценти, додека 17 проценти се во зоната помеѓу 40 и 49 проценти, пренесе српски Блиц.
foto freepik.com