
Им се заканувал на сопругата и синовите, а потоа ја запалил куќата!
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.И.(57) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешки дела против општа сигурност“, а во врска со кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.
На 04.10.2023, по претходна расправија, пријавениот се заканил на неговата сопруга и нејзините синови, а кога таа излегла од домот тој предизвикал пожар.