Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
Македонија

Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори

01/06/2025

AA

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во една институција по локалните избори.

– Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“. Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата. Сега премиерот ме праќа по наш претходен договор да ја кренам ДЗС која се наоѓа би рекол во хаотичн а состојба, рече Ангелов во Тема на денот на ТВ Сител.

Ангелов рече дека се надева дека ДЗС и ЦУК ќе се обединат и дека благодарение на силната поддршка на премиерот Христијан Мицкоски, тој процес би можел да се заокружи по локалните избори.

За состојбите во ДЗС рече дека е во исклучително тешка состојба, а меѓудругото и поради тоа што претходниот директор е во притвор поради трагедијата во Кочани, што придонело и онака лошата состојба да стане уште полоша.

-Во овој момент состојбата со Ер тракторите е исклучително комплицирана. Едниот Ер трактор го вративме од сервис. Останатите два би рекол се на сервис но заглавени поради финансиски потешкотии бидејќи Дирекцијата не може сама да ги сноси трошоците, кои ги надминуваат планираниот буџет но верувам дека со силна поддршка на прфемиерот и на Владата ова ќе биде надминато, рече Ангелов.

Кажа дека во тек се разговори со потенцијални пилоти бидејќи недостасуваат двајца пилоти. Веќе имал средба со еден пензиониран пилоти и оти верува дека ќе постигнат компромис и дека ќе помогнат и ова лето. Гледаме, рече Ангелов, и стратешки и долгорочно, размислуваме како да произведеме наши нови пилоти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy