Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИГМ Трејд на Илија Гечев наплаќа кирија од 1,35 милиони евра од еден објект
Економија

ИГМ Трејд на Илија Гечев наплаќа кирија од 1,35 милиони евра од еден објект

08/03/2024

AA

Гигантотот за откуп и преработка на тутун од Кавадарци, Алајанс Уан, му плаќа околу 1,35 милиони евра годишен закуп за објектот, кој инаку е изграден и е во сопственост на ИГМ Трејд на бизнисменот Илија Гечев.

Ова е објавено во извештајот поднесен од странскиот инвеститор до „Македонска берза“ за резултатите постигнати во 2022. Таму пишува дека трошокот за наемнина на деловен и административен простор на годишно ниво чини 82.201.000 денари, а чинењето на закупот е приближно исто како и тој за една година претходно.

„Поради истекување на постоечкиот договор, склучен е нов на ден 29.12.2020 со рок на важнос до 31.12.2030 за оперативен наем со ИГМ Трејд за изнајмување на канцелариски, магацински и производствен простор со вкупна површина од 71.764 метри квадратни“, објави Алајанс Уан.

Во извештајот за годишниот биланс се споменува и дека со ИГМ Трејд е потпишан договор за долгорочен закуп за прв пат од 2011. Фабриката за обработка на тутун на компанијата „Алајанс Уан Македонија“ во Кавадарци е отворена истата година. Таа е изградена од македонската компанија „ИГМ Трејд“ и е дадена под закуп на „Алајанс Уан“.

Инаку, оваа инвестиција прв пат е регистрирана во Македонија во 1998 година, кога холандската компанија „Интабекс“ со основачки влог од 2,33 милиони евра ја регистрира компанијата „Југотутун“ која подоцна се преименува во „Дајмон МД“. Во октомври 2010 година компанијата се преименува во „Алајанс Уан Македонија“.

Инаку „Алајанс Уан“ во тековната година остварил приходи од 43 милиони евра и за 2 милиони евра подобар резултат од претходната година. Остварената добивка е 2 милиони евра.

ИГМ Трејд на Илија Гечев, еден од најбогатите бизнисмени во земјата, е еден најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е на површина од 400.000 квадратни метри, а има капацитет од 200.000 тони годишно. Покрај тоа, компанија има влогови и во други домашни и странски инвестиции.

За ИГМ Трејд пред извесно време се зборуваше дека е еден од можните купувачи на кавадаречкиот Еуроникел Индустри, инаку сега во сопственост на Комерцијална банка откако влезе во стечајна постапка.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy