Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација
Економија

IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација

14/02/2025

AA

Министерката за енергетика,
рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со
делегација од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), предводена од
регионалниот директор за Западен Балкан, Николас Маркиер. На средбата
присуствуваа и Милица Средановиќ, одговорна за инвестиции во енергетскиот
сектор за Западен Балкан, и Вадим Шербаков, одговорен за инвестиции во
енергетскиот сектор за Македонија.

На средбата посебен
акцент беше ставен на инвестициите во енергетскиот сектор и транзицијата кон
обновливи извори на енергија, што е во согласност со зелената агенда на
Македонија.

Министерката Божиновска ги
информираше претставниците на IFC за приоритетите на Министерството,
нагласувајќи ја важноста на проектите за зголемување на енергетската ефикасност
и развој на обновливите извори на енергија. Таа истакна дека Владата е посветена
на намалување на зависноста од фосилни горива,

Претставниците на IFC
изразија подготвеност за поддршка на овие иницијативи, особено преку
финансирање на проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на
енергија и декарбонизација. Тие исто така ја истакнаа важноста на соработката
со приватниот сектор и привлекувањето странски директни инвестиции како клучни
фактори за одржлив економски раст.

Министерката Божиновска ја
нагласи важноста на партнерството со меѓународни финансиски институции како IFC
во процесот на енергетска транзиција и изрази уверување дека ваквата соработка
ќе придонесе за постигнување на стратешките цели на земјата во енергетскиот
сектор.

Зелената транзиција ќе добие значителен поттик од
зголемената поддршка од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на
Групацијата Светска банка која активно ја поддржува енергетската транзиција во
регионот на Западен Балкан преку различни иницијативи и проекти и има значајна
улога во мобилизирање на капитал за инвестиции во обновлива енергија и
енергетска ефикасност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy