Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Идниот онколог Шакиров: Ми ја украдовте мајка ми, ми го распарчивте детството и тоа никој не може да го врати!
Македонија

Идниот онколог Шакиров: Ми ја украдовте мајка ми, ми го распарчивте детството и тоа никој не може да го врати!

23/05/2025

AA

По поднесувањето на обвиненијата во случајот „Онкологија“, во кој неколку лекари – онколози и поранешни директори на Клиниката за онкологија се товарат за сериозни кривични дела поврзани со злоупотреба на скапа терапија, со што свесно биле загрозени животите на пациентите, јавноста не престанува да реагира. На социјалните мрежи се појавуваат бројни потресни сведоштва на граѓани чии блиски починале од рак, а се лекувале токму на оваа клиника.

Со неверување и гнев, многумина споделуваат дека терапијата за нивните најмили била крадена, со што, како што велат, биле лишени од шанса за живот. Статусите се полни со болка, сомнежи и барање за правда.

Особено емотивна беше објавата на Елвин Шекиров, студент по медицина од Штип, кој својата иднина ја гледа токму во онкологијата. Неговата мајка починала пред седум години од рак на дојка, а според обвинението, еден од обвинетите лекари бил нејзиниот онколог.

– Ја отворам објавата за онкологија. И нешто ме гризе уште пред да почнам да читам.
Го чувствувам. Тој познат стег во градите. Тоа шепотење во мене: „Сега ќе те боли…“ И го читам името на онкологот кој ја „лекуваше“ мајка ми. И под него – студено, рамнодушно, како нешто да вреди помалку од човечки живот – „несоодветно лекувана“. Таа не беше бројка, таа не беше само дијагноза, таа беше лавица која се бореше до последната воздишка за своите деца. Поради вас…
Јас цел живот се чувствувам половично. Ми ја украдовте мајка ми. Ми го распарчивте детството. И тоа никој не може да го врати. Знам дека и покрај сето ова вие ќе си продолжите да си функционирате нормално и знам дека ништо нема да ви биде во овој свет, ама со сигурност знам дека ќе ви биде во еден друг свет каде што навистина постои правда и таа правда ќе ве стигне… Бидејќи вие оставивте многу деца без мајки, објави на својот Фејсбук профил Шакиров.

Од Основното јавно обвинителство вчера соопштија дека поранешните директори на Клиниката за радиологија и онкологија, медицинскиот Нино Васев и организацискиот Нехат Нухи се обвинети во две обвиненија во предметот на Основното јавно обвинителство „Онкологија“. Меѓу обвинетите во второто обвинение има уште тројца лекари онколози од Клиниката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy