
Иднината на Киев во НАТО: Се интензивира дебатата кои се гаранциите за безбедноста на Украина
Безбедносните гаранции на Украина мора да се разликуваат од статусот на земја членка на НАТО. Ова синоќа го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц од Молдавија. Таму, украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го покрена прашањето за приклучување на неговата земја во Алијансата.
Сепак, земјите-членки се далеку од обединети по ова прашање и разговараат за опција да дадат одредени гаранции за безбедноста на Киев. Каква форма ќе бидат тие останува да се одлучи, а дебатата се интензивира како што се приближува самитот на НАТО во јули.
Според дипломатите, можно е т.н. „Израелски модел“. Тоа вклучува посветеност на долгорочно снабдување со модерно оружје што ќе и овозможи на Украина не само да ги одбие руските трупи од нејзините територии, туку и да спречи можен нов напад.