Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ПОМАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ ГО ЗАСИЛУВААТ СВОЈОТ КАПИТАЛ – „Реплек“ ги објави новите сопственички промени
Економија

И ПОМАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ ГО ЗАСИЛУВААТ СВОЈОТ КАПИТАЛ – „Реплек“ ги објави новите сопственички промени

13/09/2023

AA

Фармацевтската компанија „Реплек“ објави промени во сопственичката структура преку Берзата, откако вчера поминаа две блок трансакции со акциите на таа компанија. 

Од она што може да се забележи е дека својот акционерски капитал го зголемува компанијата „Ситко Антонио“, како и еден од акционерите Владимир Пецовски. Тие и досега поседуваа акционерски пакети од над 5 отсто во компанијата.

Но, треба да се има предвид дека неодамна преку „Блок трансакција“ во „Реплек“ влезе и еден нов акционер, а тоа е синџирот лаборатории „Биотек“, кој сега веќе поседува 6,3 проценти од капиталот на оваа успешна фармацевтска компанија.

Акции купиле и членови на Управниот и Надзорниот одбор на компанијата.

„РЕПЛЕК АД Скопје објавува промена на сопственоста над 5 отсто, односно акционер Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје се стекна со нови 61 акции и сега поседува вкупно 1.650 акции или 6,37 отсто од вкупниот број на акции, додека акционерот Владимир Пецовски се стекна со 20 нови акции и сега поседува вкупно 1.625 обични акции или 6.27 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата од „Реплек“ дои Берзата.

Од ова би се извлекол заклучок дека после влезот на „Биотек“ во „Реплек“, можеби и другите акционери имаат желба да го зајакнат својот акционерски капитал во компанијата.

„Реплек“ објави и дека членот на Управен одбор Панче Гелевски се стекнал со нови 25 акции, со што сега поседува 30 акции или 0,12 отсто од вкупниот број на акции, додека членот на Надзорен Одбор Владимир Гашевски се стекна со нови 27 акции, со што сега поседува 30 акции или 0,12 проценти од вкупниот број на акции.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАСТАНАЛ ДА ПОМОГНЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ 800 ЕВРА Возач кој снемал

19/02/2026
Македонија

Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031

19/02/2026
Македонија

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

19/02/2026
Македонија

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле

19/02/2026
Македонија

Исплатени 338 милиони денари за 9.567 овоштари

19/02/2026
Македонија

Половина милион денари од буџетот завршиле за личен долг на

19/02/2026
Македонија

КАМЕНОЛОМИ КАЈ ИЗВОРОТ „ШУМ“ ЈА ЗАМАТИЛЕ СТРУШКАТА ВОДА Две фирми

19/02/2026
Македонија

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41672
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАСТАНАЛ ДА ПОМОГНЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ 800 ЕВРА Возач кој снемал гориво му „увалил“ лажен накит

19/02/2026

Скопјанец на возраст од 32 години вчера бил измамен од непознато лице за сума од 800 евра. Случајот бил пријавен

Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031 година

19/02/2026

Собранието денеска го усвои продолжувањето на рокот за постапките поврзани со бесправно изградените објекти, со што граѓаните кои веќе поднеле

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

19/02/2026

Поранешниот директор на ЈП Комунална хигиена, Сабахудин Рустеми, денеска седна на обвинителната клупа во Кривичен суд, каде што започна постапката против него

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy