
И НАВЕЧЕР СЕ ГРАДИ: Трајановски објави дека синоќа се асфалтирало под рефлектори кај клучката кај Страцин
Директорот на Државни патишта, Коце Трајановски на социјалните мрежи објави фотографии од градежните активности на клучката кај Страцин, кои се реализираат во вечерните часови.
„Вечерни градежни активности на клучката кај Страцин,се асфалтира под рефлектори!
Со ова темпо на работа,можам комотно да најавам дека до крајот на оваа година ќе се вози по новиот експресен пат Страцин – Крива Паланка.
Македонија за тебе!, напиша тој на фејсбук.

