Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И Милошоски со изјава како Мицкоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени
Македонија

И Милошоски со изјава како Мицкоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени

20/09/2023

AA

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, денеска на пресконференција истакна дека власта на чело со премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети преговарале амнестија за бегалецот Никола Груевски со цел тој да влијае на поделби во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени.

„Измените во кривичниот законик, не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата, и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски.

Измените во Кривичниот законик ги договарале СДСМ, ДУИ и лица од помали политички партии кои сакаат поделби во опозицијата.

Оваа констатација, намерно или случајно, јавно ја кажа и Али Ахмети во едно интервју.

Во изјавата Ахмети беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, ниту преговарало за измените во кривичниот законик, ниту се согласило дека е против измените во кривичниот законик и исто така е против менувањето на уставот под бугарски диктат.

Сакајќи или несакајќи со ова најистакнатиот експонент на власта направи јасна разлика помеѓу оние кои тргуваат со амнестија за да стигнат до уставни измени и своја правна заштита и ВМРО-ДПМНЕ кој ја слушаат волјата на народот и се против уставни измени и трговија со правосудниот систем за политички материјални цели.

Со оваа акција на СДСМ и ДУИ целта им е да се амнестиираат двајца поранешни премиери, а од друга страна менуваат правосудни закони кои би создале лична корист и заштита на актуелните функционери на СДСМ и ДУИ. Споменатите преговарачи на амнестијата нема да застанат тука. Во моментов разговараат за нов закон за амнестија со кој би се спасиле од затвор лица блиски до власта, но имаат несогласувања кои дела да ги опфаќа тој закон за замнетсија во минситерството за правда и владата има различни позиции.

Агендата на СДСМ и ДУИ во периодот кој следи е со две примарни политички цели. Едната цел е да се спасат функционерите и да има амнестии за тие кои краделе и ја залоупотребиле функцијата, а втората е да го искористат Груевски за фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да си олеснат евентуално олеснување на уставните измени.

Ние им порачуваме и на СДСМ и на ДУИ и на нивните клиенти да не го потценуваат ВМРО-ДПМНЕ, да не го потценуваат народот. Партијата е обиденета, пратеничката група е сплотена и ВМРО-ДПМНЕ под ниеден услов нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат, а овие политички пазарења со амнестии во Кривичниот законик нема да ги спасат од одговорност актуелните функционери доколку сметале дека ова им е некаков политички аванс“, порача Милошоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима

20/02/2026
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41686
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима од 500 до 800 прекршоци

20/02/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во синоќешното гостување на ТВ21, рече дека е горд на имплементација на новиот систем

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy