Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња ѓомлезе
Хуман гест во пресрет на велигденските празници сподели пејачот Стефан Спироски, кој најави дека ќе донира 1.000 парчиња ѓомлезе за семејства на кои им е потребна помош.
Како што објави на социјалните мрежи, Спироски планира да посети околу 50 семејства и на секое од нив да им достави по 20 парчиња од традиционалното јадење, целосно на негов трошок.
Тој упати апел до граѓаните да му се обратат доколку познаваат луѓе на кои им е потребна помош за празничната трпеза, нагласувајќи дека целата акција ќе се реализира анонимно.
Овој потег наиде на позитивни реакции во јавноста, а многумина го поздравија како пример за солидарност и хуманост во време кога дел од граѓаните се соочуваат со финансиски тешкотии.