Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хрватска оди во плејоф, Србија ќе се бори за опстанок (ВИДЕО)
Спорт

Хрватска оди во плејоф, Србија ќе се бори за опстанок (ВИДЕО)

19/11/2024

AA

Репрезентацијата на Хрватска го оствари посакуваното и освои бод во дуелот со Португалија на домашен терен кој ѝ е доволен за пласман во плејофот од Лигата на нации.

„Коцкестите“ во Сплит одиграа 1-1 против драстично ослабениот ривал за кого денешниот натпревар немаше никакво резултатско значење и голем дел од значајните фудбалери ослободи и ги пушти да се вратат во своите клубови. И покрај тоа, гостите дојдоа до водство преку Жоао Фелкикс во 33. минута по фантастичното додавање на Витиња.

JOAO FELIX GOAL !!!!

VITINHA WOW WHAT A PASS !!!!!!

pic.twitter.com/Zn923PhmDr

— Janty (@CFC_Janty) November 18, 2024

Хрватска израмни преку Јошко Гвардиола во 65. минута, а потоа до крајот успеа да го одбрани нерешениот резултат. Со оглед на победата на Шкотска во Полска со 2-1, со евентуален пораз Хрватска немаше да игра во плејофот, туку ќе се бореше за опстанок, како третопласирана во својата група. Таа позиција сега ѝ припадна на Шкотска, а од А-лигата на нации испаѓа Полска која освои четири победа и оваа репрезентација ќе ѝ биде потенцијален противник на Македонија во следниот циклус.

Lovely goal by Gvardiol and Jakić, back in the game.pic.twitter.com/dj7dN1LgH5

— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) November 18, 2024

За разлика од Хрватска, на Србија ѝ беше потребна победа против Данска, но не успеа да постигне гол и мечот во Лесковац заврши 0-0. „Орлите“ беа многу подобар противник, особено во првото полувреме во кое упатија 15 удари од кои пет директно во рамките на голот на противникот, но Шмајхел не беше совладан.

По ова, во плејофот од оваа група одат Шпанија и Данска, Швајцарија и пред ова коло беше испадната, додека Србија ќе игра бараж за опстанок против некоја од четирите второпласирани репрезентации од Б-лигата на нации.

РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА 1
Хрватска – Португалија 1-1
Полска – Шкотска 1-2
ТАБЕЛА: Португалија 14 бода, Хрватска 8, Шкотска 7, Полска 4
ГРУПА 4
Србија – Данска 0-0
Шпанија – Швајцарија 3-2
ТАБЕЛА: Шпанија 16 бода, Данска 8, Србија 6, Швајцарија 2.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
Македонија

Атентатот врз Глигоров и смртта на Трајковски – две трагедии

10/09/2026
Македонија

Гоцевски открива што се подготвувало пред независноста: Форумот работел на

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Апостолски ми остави аманет – Македонија мора да работи

10/09/2026
Македонија

Се укинува пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на ново

10/09/2026
Македонија

Приведен помошникот директор на Царинската управа, си земал над 17

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45625
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и дека Скопје 100 години ќе

10/09/2026

Првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски за 4ТВ ги открива драматичните закани од ЈНА и битката за спасување на скопскиот

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата меѓу советник и градоначалничката

10/09/2026

Седницата на Советот на Општина Кисела Вода помина во тензична атмосфера, откако вербалниот конфликт меѓу советникот од Левица Петар Здравевски,

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да го ставиме во „фрижидер“, дека

10/09/2026

Првиот министер за одбрана на независна Македонија, Трајан Гоцевски, во сведоштво за 4ТВ открива драматични детали од преговорите со тогашното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy