Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хрватите ни се реваншираа: Пораз на Македонија по пет сета во Задар (ФОТО)
Спорт

Хрватите ни се реваншираа: Пораз на Македонија по пет сета во Задар (ФОТО)

14/06/2023

AA

Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа третиот пораз во петтото коло во Златната лига, откако вечерва Хрватска во Задар ни се реваншира во нов возбудлив дуел во пет сета (25-20, 17-25, 23-25, 25-15, 13-15) и после многу неизвесен тајбрејк во кој црвено-жолтите потклекнаа буквално во финишот

За Македонија ова беше трет пораз на третото гостување, а пропуштена е шанса да се вратиме на второто место, откако македонските одбојкари во исклучително изедначениот тајбрејк поведоа со 12-10 во завршниот сет, но потоа попушти концентрацијата и по 13-13, Хрватска освои два поени за да го реши мечот.

Претходно Македонија го доби првиот сет со 25-20 во кој до освојувањето исчекорија на средина кога дојдоа до плус пет (17-12) и сѐ потоа беше рутински одработено, но Хрватска во вториот се врати со одлична игра во која од старт направија предност од пет разлика (8-3) и таа разлика ја одрживаа и ја надградија до плус седум (18-11) за да израмнат.

Во третиот сет Хрватска поведе во мечот откако по егалот 20-20, мини серија со 2-0 им овозможи предност и потоа сервис за сервис дојдоа до освојување за 2-1, а Македонија се реваншира со фантастичен четврти сет во кој ги прегази Хрватите. Им допуштивме само 15 поени, а клучната разлика ја направивме од 10-9 со серија 9-4 за големи 19-13.

Никола Ѓорѓиев со 22 поени беше најдобар кај Македонија, а со ист учинок Петар Дрилиќ беше најдобар кај Хрватите.

Но, во клучниот сет не издржавме на крајот, па сега остануваме трети со шест бода колку што има и втората Белгија, а Украина е убедлива со пет од пет и максимални 15 бода пред доаѓање на Украинците во Скопје во последниот меч од групата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy